Дениел Стерн, кој се прослави во улогата на крадец во филмот „Home Alone“, живее повлечено, далеку од Холивуд.
„Home Alone“ е култен божикен филм кој ја забавува публиката веќе три децении, а многумина му се навраќаат и денес.
Главниот лик во филмот е Кевин МекКалистер, но многумина се сеќаваат и на крадците од филмот кои го добија прекарот Влажни бандити. Крадците Марв и Хари ги глумеа Дениел Стерн и Џо Пеши, а многумина денес не би ги препознале.
Во филмот „Home Alone“, крадците Марв и Хари беа жртви на стапиците на Кевин кои често оставаа последици по нивните тела. Дениел еднаш размислувал за повредите што ги заработил на сетот, а кои не биле само филмска магија и шминка.
Стерн играше ликови во голем број комични улоги, како што се Фил Беркист во „City Slickers“ и „City Slickers II: The Legend of Curly Gold“ и Марв провалникот во првите два филма „Home Alone“ и „Home Alone 2: Lost in New York“, со Џо Пеши.
Меѓутоа, одби да го репризира ликот во четвртиот дел од франшизата, сметајќи дека сценариото е срам за оригиналниот филм.
Стерн режираше неколку епизоди од „The Wonder Years“ и играниот филм од 1993 година „Rookie of the Year“ (филмот за детето Хенри кое откако ќе скрши рака ќе заигра бејзбол за Чикаго Кабс), а во последниве години режираше две епизоди од ТВ серијата „Manhattan“. Стерн создаваше, пишуваше и глумеше во телевизиското шоу „Danny“ на CBS.
Денес, 67-годишниот Дениел Стерн живее во изолација, далеку од метежот и вревата на Холивуд, но сè уште е активен во општеството. Тој е голем поддржувач на младинското образование и хуманитарната работа. Основал неколку добротворни организации кои ги поддржуваат уметничките и образовните програми за деца. Во 2009 година ја доби наградата Call to Service од тогашниот американски претседател Барак Обама за неговиот придонес во заедницата.