Што предвидува владиниот пакет мерки за ублажување на последиците од економската криза?

Владата денеска донесе пакет од 26 мерки за ублажување на последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт.

Мерките се наменети кон зачувување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Поделени се во две групи. Во првата група се мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите, а во втората група – мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата рече дека се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време и дека пред нас е тешка година која со добри мерки и политики ќе ја премостиме.

Тој упати порака до граѓаните дека има доволно количини на храна и енергенси во стоковите резерви и дека Буџетот е стабилен, ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски. Нема опасност ниту по стабилноста на денарот.

Дел од пакетот мерки се намалувањето на повластената стапка на ДДВ за лебот, шеќерот, брашното тип 400, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата. Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи, а се укинуваат и царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи.  Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехранбени производи за три месеци за околу 35 илјади граѓани од ранливите категории.

Се продолжува и субвенционирањето на цената на електричната енергија за регулираниот пазар за домаќинствата и за малите потрошувачи до јуни годинава, се субвенционира цената на топлинска енергија, а се препорачува цените на горивата да се менуваат на дневна основа додека трае енергетската криза. Дел од мерките е и пролонгирањето на еколошката такса за енергенсите. Се намалува и стапката на ДДВ на 10 проценти за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата врз основа на берзанските цени. Ќе има и ослободување од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување.

– Предизвиците пред нас се огромни. Во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме, порача Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

Владата препорачува и штедење и рационално користење на електричната енергија и енергенсите, а дополнително задолжени се државните и јавните институции да предложат сет мерки за рационализација на трошоците по овие основи.

– Сакам да упатам апел никој да не се обидува да профитира на грбот на граѓаните. Владата го ублажува покачувањето на цените, но мора сите да се однесуваме одговорно, рече Ковачевски.

Дел од мерките за кои треба законски измени ќе важат веднаш штом бидат изгласани во Собранието. Ковачевски апелираше сите пратеници да се однесуваат одговорно и да дадат поддршка за овие законски измени.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе