Наскоро календарски доаѓа пролетта, а тоа е време кога со задоволство излегуваме од нашите домови и одиме во природа.

Веќе е време да излезете во дворот и да ги започнете првите работи околу вашите куќи, викендички или балкони.
Сите сме во недоумица што би можеле да направиме сега. Првото нешто што е потребно е да се подготви земјата, а потоа да се продолжи со сеидба. Во март, можете да сеете различни видови зеленчукови растенија во вашата градина.
Во првата декада: спанаќ, блитва, кромид, моркови, грашок, целер, зелена салата...
Во втората декада: ротквици, целер, магдонос, пашканат и копар.
Во третата декада: кељ, зелка, келераба.
Можете исто така да подготвите садници во март.
Ова е идеален период за садење садници од сезонски зеленчук (брокула, прокељ, зелка, карфиол, домати, краставици, пиперки, модар патлиџан, диња, лубеница), чии семиња може да се најдат во земјоделските аптеки.
За садниците потребно е да се подготват кутии (или стари гајби) со мешавина од земја и песок, да се распоредат семмињата и нежно да се втиснат во земјата, да се полеат и да се остават на сончево и топло место додека не почнат да 'ртат. Вака подготвените кутии може да се остават во пластеник или стакленик што се загрева веќе на почетокот на месецот, а доколку нема греење во втората половина на месецот. Алтернативно, кутиите можат да бидат покриени со стаклено или пластично ѕвоно, па дури и со проѕирна фолија или целофан, со цел да се обезбеди што повеќе влажност и топлина за подобро 'ртење. Во овој случај, неопходна е и честа вентилација, бидејќи овие состојби фаворизираат патогени организми.
Во март може да се садат одредени видови украсни растенија, а овој месец е идеален за пролетно садење рози. Во текот на месецот, препорачливо е да се разредат, да се делат лековитите билки и да се пресадат доколку е потребно.
Исто така, не е доцна да се засадат овошни дрвја и грмушки ако почвата не е замрзната или премногу влажна. Компост или ѓубриво може да се стави околу старите овошни дрвја. На овој начин се одржува плодноста на почвата, се потиснува плевелот и се задржува влагата подолго.
Сега е добро време да започнете со компостирање. Компостирањето е совршен начин за рециклирање на вашиот растителен отпад, како и дел од ѓубрето од домаќинството. За возврат, добивате идеално ѓубриво.