Што прво забележуваат жените кај мажите?

Првиот впечаток за некого може да го добиете само неколку мигови од средбата, а тоа може да одреди дали таа личност ќе ви се допадне, дали ќе ѝ пријдете и слично. Што е тоа што жените веднаш го забележуваат кога ќе видат некој маж?

Судејќи според мислењето на доктор Гордон Пацер, автор на книгата „Looks: Why They Matter More than You Ever Imagined“, жените за само неколку минути забележуваат многу работи кај мажите.

„Ја забележуваат нивната висина, дали се физички привлечни и како се смеат. Ако нешто е истакнато кај мажот и тоа е многу очигледно, било во физичка или психичка смисла, истото може да го класифицира како непривлечен“, тврди докторот.

Исто така, Гордон смета дека изгледот, како и степенот на привлечност, ќе одредат дали жената ќе го задржи подолго вниманието.

„Жените ги интересира надворешноста, но многу ќе се потрудат да откријат што се крие зад таа надворешност. Особено обрнуваат внимание на тоа што правите со косата, кожата и хигиената“, вели тој.

Насмевката е исто така исклучително важна.

„Насмевката испраќа пријателски повик, потенцијална забава и смеа“, вели докторот.

Според мислењето на доктор Самер Малхот од психијатриската болница Фортис во Њу Делхи, на жените им се допаѓаат мажи кои имаат голема самодоверба.

„Жените забележуваат колку се мажите јасни и одлучни и дали на работите им пристапуваат позитивно. Многу е важно да сфатите дека арогантен и нарцисоиден маж не се смета за човек кој има самодоверба“, советува тој.

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе