Што родителите никако не смеат да изговорат еден за друг пред децата?

Децата гледаат и слушаат многу повеќе од тоа што родителите понекогаш се свесни. Често можат да слушнат работи кои мислиме дека ги кажуваме тивко, но исто така можат да почувствуваат кога родителите се напнати и лути.

Доколку сте родители, некои работи сепак не треба да ги кажувате на сопружникот пред децата, бидејќи тоа може да влијае негативно на децата.

„Ти си лош родител“.

Ако детето слушне ваква реченица, ќе почне да бира страни и да дава поддршка само на едниот родител, додека за другиот ќе има лошо мислење. Тоа може да има долготраен ефект на односот на детето со едниот родител. Покрај тоа, родителот на кој му е упатена реченицата би почнал да се чувствува несигурно.

Ако има потреба, помогнете му на сопружникот нежно и со љубов, а не со напад пред децата.

„Тоа нема да ти се допадне“.

Ако детето го слушне ова, ќе помисли дека едниот родител може да чита мисли, а другиот не знае што сака. Поради тоа обично почнуваат да се сомневаат во сопствените одлуки.

„Изгледаш ужасно во тоа, не ти стои убаво“.

Детето во оваа реченица би можело да слушне само омраза, а би можело да почувствува и како едниот родител го омаловажува другиот.

Поради ова, може да почне да бира страна, а можат и да сфати дека е во ред и тоа да биде на ист начин критично кон другите

„Ти си виновен за тоа“.

Децата мора да ги гледаат родителите како тим што работи заедно и се сложува околу начинот на воспитувањето. Доколку тоа не е така, децата ќе забележат дека нешто не е во ред.

Наместо меѓусебни обвинувања, покажете им на децата дека заедно може да се работи на проблемите кога нешто ќе тргне по лошо, пишува The Sun.

„Ти си глупав, бескорисен“.

Ако детето слушне како едниот родител го зборува ова на другиот, би можело да поверува дека е вистина.

Од друга страна, детето би можело да помисли и дека се работи за неправеден напад, а тука повторно доаѓа до бирање страни.

„Те оставам“.

Ако сакате да заминете, за тоа треба да разговарате нежно со партнерот/партнерката и далеку од ушите и очите на децата.

Ако слушнат вакво нешто децата, нивната автоматска реакција ќе биде тагата и ќе помислат дека сакате да си заминете поради нив. Ќе се чувствуваат виновно и ќе мислат дека тие се виновни за тоа што се случува, а поради тоа би можеле да бидат несигурни понатаму во животот.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Живот

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе