Љубов и секс

Што сакаат жените: Лавиците бараат искреност, Вагите имаат големи очекувања

12. јуни 2019 - 18:37 | А.С.

Прашањето што ги мачи мажите со векови: Што сакаат жените?

Драги мажи, секоја жена сака љубов, почитување, внимание и разбирање, исто како и секој друг.

Сепак, сите ние сме различни личности и имаме посебни желби и потреби. Хороскопскиот знак на вашата сакана може да ви помогне да одговорите на ова прашање, но сепак препорачуваме и отворена комуникација и сослушување на партнерката за да знаете како точно да ја задоволите.

Овен

Да се сака жената Овен значи да се знае како да се одговори на агресивната природа на овој хороскопски знак, особено ако нешто ѝ е ветено, а не ѝ е исполнето. Бурно реагираат на флерт и не простуваат неверство. Независни се и компетитивни, што значи дека сакаат поддршка за нивните големи планови и не поднесуваат мрзи.

Бик

Припадничките на овој знак ќе ги кријат своите чувства додека нивниот мозок не одлучи дека е време да се препуштат. Ја ценат искреноста, но треба да сфатите дека едностано им треба време. Тие живеат за стабилност во животот, така што ако сакате да бидете со жена Бик, треба да знаете дека таа оди само „на долги стази“.

Близнаци

Овие девојки и жени постојано се во движење. Ја сакаат својата слобода, љубопитност за светот и авантуристички дух и нема да прават отстапки за тоа. Жените Близнаци сакаат амбициозни и вредни луѓе, но ако сакате да бидете со нив мора да сте подготвени да ги следите во чекор во нивниот брз и возбудлив живот инаку за кратко време ќе им досадите.

Рак

Жената Рак е вистинска спротиставеност – таа е и срдечна и ладна. Од надвор е силна, а од внатре е мека како свила. За неа ви е потребно трпение и таа сака многу разбирање, дури и во моментите кога не може да се разбере самата. Длабоко е емотивна и иако има променливи чувства, живее за романтика.

Лав

Жената родена во знакот на Лав е харизматична и низ животот поминува со завидна смисла за хумор. Лавиците даваат сѐ за својот партнер и за врската. Искрени се и бараат искреност и доверба за возврат. Ако ја повредите, бидете сигурни дека нема да се сврти назад откако ќе ве напушти.

Девица

Девиците се грижливи и емпатични, но знаат да бидат и незгодни. На прво место им е домот и семејството. Имаат висок праг на толеранција, но тоа не значи дека треба да им одите по нерви. Ако им згрешите ќе ви простат, но не сакате да ѝ згрешите на пожртвуваната Девица.

Вага

Вагите често ја фокусираат целата своја енергија на наоѓање љубов. Имаат отворен пристап кон сѐ во животот и големи очекувања од партнерот. Ако ги разочарате ќе се повлечат и вие ќе патите заедно со нив бидејќи нема да знаете како да го поправите она што сте го расипале.

Скорпија

Припадничките на овој моќен знак се интензивни и драматични. Врската со Скорпија никогаш не е здодевна, но ако ја сакате мора да ѝ дозволите да ги контролира нештата. Понекогаш го кријат вистинскиот интензитет на своите чувства, но ако се со вас, ве избрале вас и не погледнуваат во други.

Стрелец

Жените Стрелци се најголемите оптимисти во Зодијакот. Тие живеат за авантура и имаат слободен дух. Тешко е да се врзете за девојка Стрелец бидејќи како Близнаците таа постојано е во движење. Ако успеете да ги усогласите ритмите, сте нашле партнерка за цел живот, бидејќи таа многу ќе го цени тоа што се трудите да држите чекор со неа.

Јарец

Жените Јарци се стрпливи и амбициозни. Сакаат да бидат над секоја ситуација, поради што им е тешко да ги балансираат работата и љубовта. Не сакаат минливи врски и прават сѐ да најдат еден партнер со кој ќе бидат засекогаш.

Водолија

Водилиите се многу уникатни. Тие поминуваат многу време со себе и се толку самодоволни што треба да сте навистина посебен за да го привлечете вниманието на жена Водолија. Имаат уметничка душа и знаат да се повлечат ако сметаат дека не се сфатени во врската. Многу им е важно партнерот да сфати колку им е потребна независноста.

Риби

Рибите се таинствени и чувствителни. По природа се фантазери, а длабоко во себе сакаат стабилност. За да бидете со жена Риба треба да научите да ги прифаќате нејзините измислени светови и да ѝ пружите многу романтика  љубов.

Коментирај