Што сè може да се направи за 60 дена?

Замислете си дека имате 60 дена за да промените нешто кај себе што не ви се допаѓа, да елиминирате некаква навика или пак да воведете нешто сосема ново во вашиот секојдневен живот. Ваквите одлуки за некого значат голем потфат, додека пак за други интересен предизвик. Без разлика во која група спаѓате, науката вели дека 60 дена се доволни за таков тип активности да станат автоматски дел од вашето постоење. Добар финансиски план, посветеност и решителност се клучни во ваквиот процес. Секој почеток е тежок, па така и првата недела од 60-те дена може да ви се чини неподнослива, но како што велат, упорноста се исплати.

1. Започнување здрава навика

На пример, се јавува потреба одењето во теретана да ви стане дел од секојдневните обврски кога станува збор за грижата за себе. Сигурно би ви се чинело невозможно од фотелјата од вашата дневна соба да стигнете до статус на посветен вежбач, но со секој нов ден, со секое зголемување на тежината која ја користите при вежбањето и постепено отежнување на типот на вежбите, полека ќе почне да ви станува јасно зошто се потребни 60 дена за одредена активност да ви премине во слатка навика. На крајот на тие 60 дена вежбањето веќе ќе стане вашата омилена здрава рутина.

2. Уредување на домот

А што кога сакате да промените нешто во домот? Сигурно тоа не може да се случи преку ноќ, зашто пред сè треба да имате финансиска конструкција, потоа да одлучите кој од стиловите на уредување ќе го примените и на крајот, да осмислите како целиот концепт ќе добие посебен шмек со уникатни декоративни елементи кои ќе бидат соодветни на енергијата во домот. Дефинирање на желбите и буџетот и организацијата на слободното време за купување би се случиле во првите 30 дена, а вторите 30 дена се доволни за реализирање на замислата, нели?

3. Планирање на патување

Имате само два месеци да испланирате патување на далечна дестинација кое е на врвот на вашата листа на животни желби? Тогаш време е да ги засукате ракавите. Избирањето и истражувањето егзотични дестинации е исклучиво важно, а потоа мора да го испланирате и транспортот, навреме да си резервирате карта за авион, карти за сите останати конекции потребни за време на патувањето, сместување кое се вклопува во предвидениот буџет, а на сево ова секако треба да претходи и добро разработен финансиски план. Откако ќе ги дефинирате основните ставки за патувањето, време е да ја напишете агендата за истото. Што сè сакате да посетите и кое незаборавно искуство ќе биде кулминацијата на вашата долгопосакувана авантура.  Кога тоa ќе го завршите чекор по чекор во 50 дена или некој ден помалку, искористете ги преостанатите за финесите околу реализацијата. Bon voyage!

4. Совладување нова вештина

Живееме во свет кој од нас бара постојана надградба на знаењата за да одржиме чекор со континуираниот развој, особено во делот со технологијата. 60 дена се и повеќе од доволни за да совладате нова вештина, да завршите курс со кој подоцна ќе можете да го збогатите вашето резиме. Курсеви за почетници или за надградба на основното знаење без разлика на вештината која сакате да ја совладате се лесно достапни на Интернет, а постои голем избор и помеѓу бесплатни и платени курсеви, кои исто така може да си ги дозволите со мал ангажман во врска со планирањето на финансиите. Па така, во рок од само 60 дена вие веќе можете да станете дел од работната сила која моментално е најбарана низ целиот свет.

5. Финансиска реализација

Очигледно е дека за која било од претходно наведените точки, покрај 60 дена, потребен е и добар финансиски план. Тоа значи дека доколку нешто што сме замислиле сакаме и да го оствариме, исто така потребен ни е и начин како истото финансиски да го реализираме, а притоа да не претставува товар за нашиот домашен буџет. Па така, во ситуации кога немате доволно средства за реализација на вашите планови, како започнување здрава навика, патување, купување нова гардероба или било што друго, логично е да посегнете по барање на финансиска поддршка која ќе ви ја поддржи реализацијата на зацртаните планови. И сигурно, ќе биде идеално ако располагате со потребните средства на самиот старт од реализацијата на вашите 60-дневни планови, а да платите откако ќе завршите. Затоа, посветете особено внимание на разгледување на опциите, којзнае, можеби уште утре ќе наидете на најприфатливата опција за вас, вашиот буџет и вашите планови 😊

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе