Што сè ново претстави Google?

Во текот на вчерашниот ден Google го одржа настанот „Made by Google“ за претставување на нови уреди и технологија, по неколку недели шпекулации на темата. Настанот започна со откривање на своите нови смартфони, а подолу прочитајте што сè друго ново претстави овој технолошки гигант.

Смартфоните Google Pixel и Pixel XL

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=AYBmX78r5-c]

Google Pixel ќе има 5-инчен, додека поголемиот Pixel XL ќе има 5,5-инчен екран, а двата модела ќе имаат Snapdragon 821 процесори и 4 GB RAM. Батеријата во Pixel ќе има капацитет од 2770mAh, додека XL ќе биде опремен со батерија од 3450mAh. 

Разлика меѓу телефоните ќе има во поглед на резолуцијата на екранот - 1920х1080 кај стандардниот модел, како и 2560х1440 кај поголемиот смартфон. Корисниците ќе можат да изберат меѓу интерната меморија од 32 до 128 GB. 

Со Pixel, Google се фокусира на камерата, нагласувајќи дека има оцена од 89 на DXOMark, што е највисоката досега за еден смартфон. Компанијата исто така дава бесплатен неограничен простор на сите Pixel корисници, кои ќе може да ги чуваат своите фотографии и видеа во висока резолуција, на Google Photos.

Телефоните се достапни во три бои, сина, сребрена и црна.  Цената на помалиот смартфон изнесува 649 долари.

Daydream View очила за виртуелна реалност

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=4AXalJuBDQM]
 
Компанијата го објави првиот хедсет за својата платформа за виртуелна реалност, Daydream VR. Лесниот сет е опишан како „мек и удобен“, благодарение на фактот што е изработен од текстилен материјал. Daydream View очилата имаат вградено Google Street View, YouTube и Google Photos апликации кои може да се контролираат директно од него. Ќе се продава по цена од 79 долари.

Chromecast Ultra

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=9jxm6O1xOUU]

Дигиталните плеери на дигитална мултимедија на Google добија подобрување. Сега поддржуваат HDR, Dolby Vision и содржина со резолуција од 4K. Chromecast Ultra ќе почне да се продава од ноември, по цена од 69 долари.

Google Wifi рутер

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=V7b8BavEtWI]

Компанијата го претстави првиот целосно свој Wifi рутер, наречен едноставно Google Wifi. Рутерот дозволува поставување на модуларни рутер точки низ домот, што ќе ви обезбеди максимална покриеност со интернет, а системот ја регулира и оптимизира вашата конекција следејќи го вашето движење низ домот. Цената за еден рутер изнесува 129 долари, а пакет од три, 299 американски долари.

Google Home

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=1qNspl3Pz1E]

Google Home е уредот што ќе го направи вашиот дом „паметен“ - овој домашен асистент работи на допир и има вградено три звучници. Google Home е попаметен од Siri и Alexa и полесно и побрзо наоѓа одговори на прашањата што ќе ги поставите. Уредот работи со Google Play Music, YouTube, а може да се интегрира и со други музички софтвери како Spotify, Pandora, iHeartRadio итн.

Може да се поврзе и со вашиот Chromecast, па што и да пуштите на ТВ да биде озвучени преку овие звучници. Сега за сега, Home може да се користи со паметни сијалици и уреди како SmartThings и Nest, а Google вели дека во иднина ќе може да се користи како команден уред за другите ваши уреди во домот. Цената на Google Home изнесува 129 долари.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе