Што се откри во Twitter документите кои Маск ги најавуваше со денови?

Илон Маск со денови го најавуваше, како што го нарече, „бомбастичното и страшно“ објавување на интерни документи на Twitter за тоа што всушност се случило внатре во компанијата кога одлучила привремено да ја сузбие сторијата за содржината на лаптопот на Хантер Бајден, синот на актуелниот американскиот претседател, која беше објавена во 2020 година во The New York Post, само неколку недели пред изборите во САД.

Но, во петокот, наместо да објави низа документи во јавноста, големото откритие на Маск беа серија твитови од новинарот Мет Таиби, кој добил мејлови кои само го потврдија она што долго време се знаеше за инцидентот.

Широко споделениот твит наречен „Twitter документи“ потврди како, во првите часови по објавувањето на приказната за синот на Бајден, вработените во Twitter се соочиле со стравувањата дека тоа би можело да биде резултат на руска хакерска операција. Објавата покажа дека вработените во правните, политичките и комуникациските тимови на Twitter дебатираат, а понекогаш и не се согласуваат, околу тоа дали да се ограничи написот според политиката за хакирана содржина на Twitter во очи на изборите во 2020 година на кои Џо Бајден, таткото на Хантер Бајден, се кандидираше против тогашниот претседател Доналд Трамп.

URL
Поранешниот шеф на Twitter рече дека сузбивањето било грешка

Додека некои се сомневаа во основата на одлуката и предупредија дека Twitter ќе привлече обвиненија за антиконзервативна пристрасност, други во компанијата, вклучително и високи функционери, рекоа дека околностите околу приказната на Post се нејасни и препорачаа да се внимава, според скриншотовите од разговорите на вработените во Twitter.

Тогашниот шеф на Twitter, Џек Дорси, за кој Таиби вели дека се колебал околу одлуката, им рекол на американските законодавци дека, во ретроспектива, сузбивањето на сторијата било грешка. Мејловите до кои дојде Таиби го потврдуваат она што го кажа поранешниот шеф на Одделот за интегритет на Twitter, Јоел Рот, на новинарката Кара Свишер во интервју минатата недела. Рот рече дека во тоа време чувствувал дека сторијата на Post ги имала карактеристиките на руска операција за хакирање и протекување, оценка што ја споделија десетици поранешни американски разузнавачи во тоа време.

Објавите на Таиби го поткопуваат Маск и клучното тврдење на републиканците кои го обвинија ФБИ дека се потпира на социјалните мрежи за да ги потисне приказните за содржината на лаптопот на Хантер Бајден. Маск рече дека Twitter во тоа време дејствувал „по наредба на владата“.

Во својата серија твитови, Таиби твитна дека „нема докази што ги видел за каква било вмешаност на владата во приказната за лаптопот“. Адвокатите на компанијата-мајка на Facebook, Meta, дадоа слични коментари во последниве недели, оспорувајќи ги тврдењата на републиканците дека ФБИ го принуди Facebook да ја потисне приказната за синот на Бајден.

Таиби рече дека материјалот што го прегледал се однесува на општите предупредувања на ФБИ за можно руско мешање во изборите, што исто така се совпаѓа со јавниот профил на извршниот директор на Meta Марк Закерберг за начинот на кој Facebook се справувал со сторијата на New York Post и потврдува дека Twitter бил во состојба на готовност поради можно странско мешање.

Што објави NY Post во 2020 година за синот на Бајден?

За потсетување, контроверзниот американски таблоид New York Post објави статија во 2020 година во која се наведува дека мејловите на Хантер Бајден покажале дека тој ги користел врските со татко му за да ја зголеми својата плата во Burisma, енергетската компанија на контроверзниот украински олигарх Микола Злочевски.

Twitter потоа се откажа од отстранување на содржината, но наместо тоа почна да објавува предупредувања за можна содржина која била хакирана.

Маск ги критикуваше големите медиуми

Во саботата Маск најави повеќе слични содржини и потврди дека во објавата заедно со Таиби ќе учествува и новинарката Бари Вајс. Тој не прецизираше точен датум кога ќе биде објавата и каква ќе биде. Шефот на Twitter ги критикуваше големите медиуми за минимизирање на објавувањето на „Twitter документите“. Тој ги обвини New York Times, Wallstreet Journal и Washington Post дека поставуваат агенда.

Wahington Post во својата објава за „Twitter документите“ наведе дека нема докази за тоа што Таиби го објавил.

Маск зборуваше за многу други теми на Twitter Space сесијата, вклучително и сугерирање дека американските граѓани, а не владата, треба да можат да одлучуваат за судбината на Едвард Сноуден, поранешниот вработен во ЦИА кој објави разузнавачки информации и тајни во 2013 година. Рече дека Twitter треба да програмира и да ги монетизира домашните аудио и видео објави со долги форми. Тој исто така спомна дека го запознал основачот на криптобанката FTX Сем Бенкман-Фрид во март и тогаш му експлодирал „сра*е-метарот“. Тој нагласи дека Twitter никогаш не добил пари или донации од Бенкман-Фрид или FTX.

Тагови
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе