Што сѐ плови во Вардар?
Фотографот на Медиумската информативна агенција (МИА) Дарко Попов сними вознемирувачка глетка во центарот на Скопје – во водите на Вардар има големо количество на ѓубре.
Овој отпад несомнено стигнал во најголемата река во Македонија поради несовесно однесување на граѓаните.
И покрај обилните врнежи што вчера ја зафатија земјава, нивоата на реките се под или околу просекот за август. Драстично зголемување бележат само Бабуна кај Богомила и Вардар.
Според денешните хидролошки мерења, Богомила е 14 пати над просечната вредност, а Вардар е за речиси три пати зголемен кај Јегуновце и двојно кај Скопје, Велес и Демир Капија.