Што се случило на денот кога изумреле диносаурусите?

Астероид удрил во Земјата со јачина од 10 милијарди атомски бомби, предизвикал пожари, цунами и облак од сулфур што го „задушил“ Сонцето и Земјата била „окована“ во мраз, што довело до исчезнување на диносаурусите.

Експерти од Универзитетот на Тексас открија, врз основа на примероци собрани од кратерот што го направил астероидот на територија на денешно Мексико, што се случувало на денот кога изумреле диносаурусите.

Пред 66 милиони години, астероид удрил во Земјата, предизвикувајќи изумирање на диносаурусите и речиси бил уништен целиот жив свет во пожари, цунами и огромен сулфурен облак, покажа испитувањето на примероците од камења најдени на дното на подводниот кратер што останал по падот на астероидот.

Резултатите од испитувањата на парчиња јаглен и камења најдени на дното на кратерот во Јукатан, ги потврдија теориите на експертите за тоа што се случувало тој ден.

Околу 75% од живиот свет на Земјата исчезнал во ужасниот удар со јачина од 10 милијарди атомски бомби.

Експертите копаа речиси еден километар во длабочина во Земјината кора за да го дефинираат хронолошкото одвивање на настаните од пред 66 милиони години.

„Успеавме да собереме податоци за тоа по кој редослед се одвивале настаните од самиот почеток на  катастрофата“, изјави лидерот на проектот, професор Шон Гулик.

„Податоците се ачувани во карпите и даваат најдетален увид за последиците од катастрофата што ставила крај на добата на диносаурусите“, додава тој.

Гулик заедно со професорката Џоан Морган од Кралскиот колеџ во Лондон собирале примероци од длабочина од 1.300 метри од поплавениот кратер долг 185 километри и длабок 32 километри.

Се смета дека кобниот астероид бил широк петнаесетина километри и дека удрил во Земјата со брзина од 70.000 километри на час, предизвикувајќи пеколни пожари и цунами високо 91 метар што стигнало до територијата каде денес се наоѓа сојузната американска држава Илиноис.

Сулфурниот облак бил толку голем и густ што го блокирал Сонцето и дошло до нагло опаѓање на температурите во светот.

„Прво се свариле, па се замрзнале“, вели Гулик. „Тој ден не изумреле сите диносауруси, но поголемиот дел – да.“

Многу диносауруси изгореле живи или се удавиле, а останатите умреле од глад. Пожарите и поплавите ги убиле сите живи суштества околу местото каде паднал астероидо, но отровните гасови всушност биле „убијците“ што го предизвикале поморот во светот.

Експертите со години сметаа дека промената на климата после падот на астероидот довела до изумирање на диносаурусите, но дури сега, со истражувањето на овие примероци од кратерот, тоа е и теоретски потврдено.

реклама

Наука

Што е амониум нитрат – соединението што наводно го крена Бејрут во воздух?

Read more

Вакцината на „Novavax“ против COVID-19 успешно произвела антитела

Read more

Јапонци измислија маска која преведува на осум јазици

Read more

СЗО: Новиот коронавирус најверојатно потекнува од лилјаците

Read more

Гик

Сенатот го поддржа Трамп: Едногласно гласаше за забрана на TikTok

Читај повеќе
  • play_arrow

SpaceX лансираше ракета со нови Starlink сателити

Читај повеќе

Богатството на Марк Закерберг порасна на 100 милијарди долари

Читај повеќе

На Арктикот исчезнаа две санти мраз стари 5.000 години

Читај повеќе

Постапката за одобренија за 5G во Македонија ќе почне до крај на годината преку аукција

Читај повеќе

Што е амониум нитрат – соединението што наводно го крена Бејрут во воздух?

Читај повеќе

Интерпол: Криминалците го користат COVID-19 за компјутерски напади на поголеми жртви

Читај повеќе

Вакцината на „Novavax“ против COVID-19 успешно произвела антитела

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонци измислија маска која преведува на осум јазици

Читај повеќе