Што се случува со најдобриот дефанзивец во светот?

Сезонава Вирхил ван Дајк е непрепознатлив, важи за најдобар дефанзивец во светот, а и најдобар играч на УЕФА за минатата сезона. Синоќешниот настап против Салцбург беше врв на неговата лоша форма.

Неговиот Ливерпул го совлада Салцбург со 4:3 во второто коло од Лигата на шампиони, но малку фалеше да не успеат да ги соберат планираните 3 бода. Проблем за црвените беше токму одбраната предводена од Ван Дајк која дозволи водството од 3:0 буквално да исчезне и Салцбург да дојде до 3:3. Холанѓанецот изгледаше очајно, како што и игра сезонава и воопшто не наликува на оној ѕид од лани.

На дербито со Арсенал беше најслабо оценет заедно со голманот Адриан. Тогаш Никола Пепе стана прв играч кој по 55 премиерлигашки натпревари успеал да го издрибла Ван Дајк. И тоа не е воопшто лошо, но Холанѓанецот сам постави стандарди дека не се поминува.

Во претходното коло Ливерпул загуби на гости кај Наполи, а Холанѓанецот му асистираше на Фернандо Љоренте при вториот гол на Италијанците.

Слабо реагираше при голот на Н'Голо Канте за Челси кога намали на 2:1, а во судиското надополнување го остави Мичи Бачуаји да влезе во голема шанса за израмнување, но за среќа топката не дојде до Белгиецот.

(голот на 1:23 и шансата на 1:42)

Синоќа беше неговиот најлош натпревар. Беше директен виновник за два од трите гола на Салцбург. При првиот гол Кореанецот Хи-чан Хуан го „прати по цигари“, а при третиот беше само нем гледач кога Такуми Минамино го проигра Ерлинг Браут Холанд.

(првиот гол на 4:30, третиот на 6:16)

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе