Што се случува со нашиот мозок кога чуваме тајни?

Секој од нас во текот на животот чува тајни. Некои со години можат да останат скриени од другите, додека други пак ќе ни „излетаат“ во некој момент. Сепак, тајните не се лесни за чување, иако тоа можеби така изгледа.

Во прилог на ова одат и резултатите од едно ново истражување, објавено во магазинот PsycNET, во кое се тврди дека чувањето на тајни не е добро ниту за менталното здравје. Криењето на тајни доведува до пораст на анксиозноста кај луѓето и претставува исцрпувачко искуство за мозокот.

Тим научници од универзитетот во Колумбија извршил истражување на 600 учесници и открил дека 96 отсто од нив во тој момент чуваат тајна, која во главно била од љубовна природа.

Учесниците биле запрашани колку пати во последниот месец биле принудени да сокријат тајна и колку често размислувале за неа.

Речиси двојно повеќе од учесниците се изјасниле дека често размислувале за таа тајна. Токму тоа размислување билa причината која предизвикала најмногу штета. Ист резултат дала и анкетата спроведена меѓу туристи во Њуорк.

Тоа покажало дека самата природа на содржината на тајната која се чува не е причина за проблемот, туку како умот се однесува кон таа информација која влијае на него.

Понатамошната анализа открила дека на лошата состојба помалку влијание има значењето на тајната, туку дека на тоа најмногу влијае колку време размислуваме за тоа.

Научниците заклучиле дека размислувањето на луѓето околу тајните може да послужи како основа за понатамошни истражувања на оваа тема, со желба да се најде начин да и се помогне на луѓето и да се олесни чувањето во тајни во иднина.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе