Што се случува со телото ако ги исфрлите млечните производи од исхраната?

Многу луѓе размислуваат да ги исфрлат млечните производи од нивната исхрана поради здравствени причини, нетолеранција или лични преференци. Сепак, пред да се одлучите на овој чекор, важно е да се информирате за тоа како оваа одлука може да влијае на вашето тело.

Кога млечните производи се исфрлени од секојдневната исхрана, многу луѓе доживуваат значителни промени во варењето. За оние кои се нетолерантни на лактоза, откажувањето од млечни производи може да резултира со забележително намалување на симптомите како што се надуеност, гасови и стомачни тегоби.

Дополнително, постојат бројни студии кои укажуваат дека исхраната без млечни производи може да поддржи поздрав цревен микробиом со намалување на воспалението и поттикнување на растот на корисни бактерии.

Исфрлањето на млечните производи од вашата исхрана може да ви помогне да ја изгубите и контролирате вашата тежина. Полномасните млечни производи може да бидат богати со шеќер и заситени масти. Исто така, студиите покажаа дека заситените масти предизвикуваат зголемување на телесната тежина. Мастите содржат двојно повеќе калории по грам од јаглехидратите и протеините.

Од друга страна, млечните производи се важен извор на калциум и витамин Д, неопходни хранливи материи за здравјето на коските. Откако ќе ги елиминирате, од клучно значење е да најдете алтернативи богати со овие хранливи материи за да избегнете недостатоци.

Лекарите препорачуваат да се вклучат намирници како лиснат зеленчук, јаткасти плодови и семиња и да раазмислите за додатоци доколку е потребно. Недостатокот на овие хранливи материи може да го зголеми ризикот од долгорочни проблеми со коските.

реклама

Здравје

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Read more

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Read more

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Read more

Вода со маслиново масло и лимон: За подобро варење и здравје на црниот дроб

Read more
 

Магазин

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Читај повеќе

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Читај повеќе