Што се случува со телото ако јадеме цвекло секој ден?

Постојат бројни здрави намирници кои придонесуваат за здравјето на организмот преку секојдневно консумирање. Една од нив е цвеклото, кое е богато со хранливи материи корисни за варење, циркулаторниот систем и општото здравје.

Цвеклото е достапно во текот на целата година, а по хранливоста се издвојува како извор на влакна, фолати и калиум. Овие хранливи материи придонесуваат за подобро варење, ја намалуваат можноста за запек, го поддржуваат правилното функционирање на нервниот систем и ја стимулираат работата на мускулите. Фолатите, дополнително, го стимулираат формирањето на ДНК и други генетски материјали, што е особено корисно за регенерација и раст на клетките.

Цвеклото е корисно за спортистите поради неговото влијание врз циркулаторниот систем: рамномерно го распределува кислородот, хормоните и хранливите материи низ телото, им помага побрзо да закрепнат и да ја подобрат мускулната функција.

Што се случува ако јадеме цвекло секој ден?

Редовното консумирање на цвекло ги обезбедува сите горенаведени придобивки, што го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми, го подобрува функционирањето на телото и ги спречува болестите поврзани со стареењето. Препорачаната дневна количина е едно цвекло со средна големина.

Важно е да се напомене дека прекумерната консумација на цвекло може да предизвика несакани ефекти како што се непријатност во стомакот, дијареа или зголемени гасови. Исто така, поради пигментот бетанин, урината и столицата можат да добијат црвеникава боја, што може да биде вознемирувачко, но не и опасно.

Како да се јаде цвекло?

Цвеклото може да се консумира на различни начини, но за да се задржат повеќето хранливи материи се препорачува да се јаде сирово – исечено на коцки или рендано во салати. Друг вкусен и здрав начин е да се подготви сок од цвекло.

Рецепт за сок од цвекло:

  • Извадете ги стебленцата и кората од цвеклото и исечете ги на коцки.
  • Во блендер ставете 3 моркови, коцки цвекло и сок од еден лимон.
  • По потреба додадете малку вода и уживајте. Се препорачува да се консумираат околу 250 мл од овој сок дневно.

Цвеклото треба да се консумира умерено. Лицата со жолчни камења или стомачни проблеми треба да се консултираат со лекар пред консумирање, за да се избегнат можните несакани ефекти.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Здравје

Невролог откри два рани симптоми кои укажуваат на деменција

Read more

Кој е најпреценетиот зеленчук кој баш и не мора да го јадеме?

Read more

Како да препознаете дали ви недостасува колаген?

Read more

Што (не) треба да јадете за здрав панкреас?

Read more
 

Магазин

Родителски навики што можат да ја нарушат самодовербата кај децата

Читај повеќе

Невролог откри два рани симптоми кои укажуваат на деменција

Читај повеќе

Еден вид мачки се сметаат за најмирни домашни миленици: Совршено се вклопуваат во секој дом

Читај повеќе

Што е exercise snacking? Метод на вежбање што не треба да го планирате во вашиот распоред

Читај повеќе

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Читај повеќе

Зошто треба да почнете редовно да кревате тегови?

Читај повеќе

Кој е најпреценетиот зеленчук кој баш и не мора да го јадеме?

Читај повеќе

Ребра глазирани со мед и пекарски компир

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемата туристичка стапица во Италија

Читај повеќе