Што се случува со телото ако тренирате на високи температури?

Ф.З.
/ 12.08.2024 / 09:41

Топлите, влажни денови се непријатни сами по себе, но според експертите, вежбањето на жештина може да ни помогне да станеме поспремни, ако се вежба правилно.

Зошто е толку тешко вежбањето на топло? Повисоките температури и задушувачката влажност ја отежнуваат работата на телото.

„Секогаш мислам дека вежбањето и топлината се голем кардиоваскуларен предизвик“, изјави Крис Бирн за Fortune, регистриран физиотерапевт и виш предавач на Универзитетот во Ексетер . Тоа е затоа што нашиот кардиоваскуларен систем мора да жонглира со две основни работи: циркулација на крв, кислород и метаболичко гориво до нашите мускули и ладење на телото.

Тогаш може да се случи она што Бирн го нарекува „отстапување на срцевиот ритам“. Во постудени услови, вашиот пулс ќе остане стабилен додека го одржува истиот напор за време на вежбањето. Во топлината, на пример, и покрај тоа што трчате со иста брзина, пулсот почнува да се зголемува.

„А тоа е знак дека кардиоваскуларниот систем повеќе се фокусира на загубата на топлина“, објаснува Бирн.

Со правилен ритам и прогресивен тренинг, нашите тела не само што можат да се прилагодат на топлината, туку ќе можеме и понапорно да тренираме на повисоки температури.

Тука доаѓаат три витални физички адаптации: пониска температура на телото, поголем волумен на крв, што доведува до поголем ударен волумен - количина на крв што се исфрла по отчукување на срцето и помал пулс во мирување.

Овие адаптации работат заедно за да го направат вашиот кардиоваскуларен систем да работи поефикасно, со поголем волумен на крв што се испумпува од срцето во минута, објаснува Бирн.

Прилагодувањето на топлината води до пониска телесна температура во мирување за да ја подобриме нашата способност да губиме топлина. Температурата на нашето тело може да опадне - што ни дава пониска почетна температура додека почнеме да вежбаме, што значи дека порано ќе почнеме да се потиме, ќе се оладиме порано и нема толку брзо да ни стане жешко.

Бирн вели дека и порано почнуваме да се потиме поради новонамалената телесна температура. Ова значи дека нашите тела се адаптирале побрзо да ги стартуваат механизмите за губење на топлина, што ни помага да се оладиме. Со овие адаптации, можете да постигнете многу поголем срцев минутен волумен - или многу потежок напор - за време на вежбањето.

„Овие адаптации му овозможуваат на срцето да функционира поефикасно за да ги исполни овие двојни задачи за снабдување со гориво на работните мускули и отстранување на топлина од работните мускули“, вели Бирн.

Без разлика на сѐ, безбедноста треба да ви биде приоритет број еден. Топлинските болести се реални - и можат да бидат фатални во најекстремните случаи.

Бирн советува да вежбате само онолку колку што можете да поднесете - ако чувствувате дека се прегревате, забавете или прекинете веднаш и оладете се. Влажноста може да биде и опасен фактор, вели тој, бидејќи влажноста во воздухот ве спречува да се потите - една од најважните работи што ги прави нашето тела за да се олади.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Фит

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Што се случува во телото ако вежбате седум дена во неделата?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Колку протеини треба да внесувате за да слабеете?

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе