Што се случува со телото кога подолго време немате секс?

Период без сексуална активност може да му се случи секому, по сопствен избор или поради околностите: можеби сте раскинале врска, имате премногу работа, болест на еден од партнерите, ниско либидо, немате со кого... Неколку недели без секс не е ништо страшно.

Меѓутоа, подолгата апстиненција, особено ако телото било навикнато на редовна сексуална активност, може да се одрази на вашето здравје и психофизичката состојба.

Еднаш веќе пишувавме за тоа што се случува со телото кога подолго време немате секс, а сега го продолжуваме списокот:

Се зголемува нивото на стрес

Сексот е природен метод за ослободување од стрес, па ако се наоѓате под иста доза на секс од околината, а немате секс за да се опуштите, стресот ќе почне да се одразува. Тоа особено важи за мажите. За време на сексуалниот однос телото произведува ендорфини и окситоцин, хемикалии што ве опуштаат и ве прават среќни.

Меланхолија и чувство на депресија

Покрај уживањето во физичкиот чин на сексот, контактот кожа на кожа со друг човек е примарен начин на утеха и смирување за луѓето. Сексуалната врска, со многу допирање и галење може да помогне да го регулираме расположението. Ако ви недостига „човечки допир“ може да се чувствувате потиштено и меланхолично. Ова не значи дека ако сте психофизички здрава личност без секс ќе паднете во депресија, но отсуството на сексуален партнер може да направи да се чувствувате депримирано.

Кај мажите се зголемува ризикот од рак на простата

Сексот се смета за заштитна алатка од рак на простата. Истражувањата покажале дека мажите на возраст од 20 до 29 години кои ејакулираат најмалку 21 пат месечно имаат за 19% помали шанси да им биде дијагностициран рак на простата во споредба со мажите кои ејакулираат поретко, на пример четири до седум пати месечно.

Опаѓа имунитетот

Иако немањето близок контакт со други луѓе може да ја намали изложеноста на вируси и бактерии, една страствена ноќ прави чуда за кревање на имунитетот. Научниците од Универзитетот Вилкс-Бар во Пенсилванија открија дека луѓето кои имаат секс еднаш или два пати неделно имаат за 30% повисок имуноглобулин А (IgA) во споредба со оние кои имале секс поретко или воопшто немале секс.

Кај мажите се зголемува ризикот од еректилна дисфункција

Нередовниот секс кај мажите може двојно да го зголеми ризикот од еректилна дисфункција во споредба со мажите кои имаат секс најмалку еднаш неделно, покажа истражување објавено во American Journal of Medicine. Авторите на истражувањето велат дека сексот најверојатно помага да се зачува цврстината на пенисот на ист начин како што вежбањето помага да бидат стегнати други делови на телото.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Љубов и секс

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Read more

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе