Што се случува со вашето тело ако пешачите 60 минути дневно?

А.С.
/ 12.09.2022 / 15:40

Пешачењето е одлична форма на вежбање. Добро е за здравјето и може да помогне при слабеење.

Многу луѓе не сметаат дека одењето е доволно ефикасна вежба во споредба со другите форми на вежбање. Сепак, пешачењето навистина може да биде корисно, а во продолжение ви објаснуваме што ќе се случи со вашето тело доколку 60 минути пешачење дневно стане дел од вашата рутина.

Потрошувачка на калории

Едноставноста е карактеристика што го прави пешачењето привлечна активност за многумина, особено за оние кои сакаат да согорат дополнителни калории. Се разбира, бројот на потрошени калории зависи од повеќе фактори, особено од вашата тежина и брзината на одење.

Ќе наведеме неколку примери:

Човек од 55 килограми што оди со просечна брзина од 4,8 км/час ќе согори 193 калории за еден час. Со иста брзина, човек од 68 килограми ќе согори 238 калории.

Со брзина од 5,6 км/час овие луѓе ќе согорат 237 или 292 калории на час, а доколку забрзаат до 6,4 км/час ќе согорат 275 или 340 калории.

Просечната брзина на одење е 4,8 км/час, а колку побрзо одите и колку сте потешки, толку повеќе калории ќе согорите. Други фактори кои ќе влијаат на потрошувачката на калории се теренот, температурата на воздухот, вашата возраст и пол.

Слабеење

Во секој случај, пешачењето по еден час дневно ќе ви помогне да согорите калории и на крајот да изгубите тежина. Во едно истражување спроведено на 11 жени со просечна тежина, по 6 месеци одење со брзо темпо, секоја од нив изгубила во просек по 7,7 килограми или 10 отсто од почетната телесна тежина.

Постепено ја зголемувале брзината и времето на одење, но додека не достигнале 30 минути пешачење, слабеењето било незначително, што укажува на тоа дека времетраењето на пешачењето може да биде поврзано со губење на тежината.

Исхрана

Пешачењето, секако, ќе биде многу поефикасно доколку го комбинирате со здрава исхрана, што е потврдено со неколку студии.

Колку килограми можете да изгубите ако пешачите еден час дневно?

За да изгубите тежина, мора да внесувате помалку калории отколку што трошите. Често се наведува дека околу половина килограм телесна тежина одговара на 3.500 калории. Намалувањето на дневниот внес за 500 калории е погодно за повеќето луѓе кои сакаат да ослабат. Дел од овој дефицит можете да постигнете со пешачење по еден час дневно, а можете постепено да ги намалувате внесените калории.

Во зависност од внесот на калории, дефицитот од 500 калории дневно, пишува Healthline, може да доведе до губење на тежината од 0,2 до 0,9 килограми неделно.

Не заборавајте дека пешачењето е поврзано и со неколку други здравствени придобивки покрај губењето на тежината, вклучително и подобрување на расположението и квалитетот на животот, како и намален ризик од срцеви заболувања и дијабетес.

Како да почнете со пешачење?

Лесно ќе ја направите оваа едноставна вежба дел од вашата секојдневна рутина. Ако сте почетник, важно е да започнете полека, а потоа постепено да го зголемувате темпото и времетраењето на прошетката.

Чекор по чекор и ќе го достигнете посакуваниот еден час дневно, благодарение на кој ќе ја одржувате саканата тежина и ќе го одржувате здравјето. Што се однесува до опремата, најважни се удобните патики.

За да не ви здодее пешачењето, што често се случува при било каква активност, редовно менувајте ја рутата, пешачете во друштво, слушајте музика, наградете се за успехот...

За да ослабете, не заборавајте дека треба да го зголемите интензитетот на пешачењето за да согорите што повеќе калории. Кога ќе дојде време, можете да носите и тегови в раце.

Како заклучок, пешачењето е одлична форма на вежбање. Идеално е за почетници, но и за сите останати, а еден час пешачење дневно ќе ви помогне да ослабете.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе