Што се случува во Калчото? На врвот необично, гигантите надвор од топ 4

Почекоот на сезоната во Серија А донесе навистина интересна ситуација. Гигантите Милан, Интер, Јуве и Рома лежат распослани од 5-тото до 8. место на табелата, додека на врвот има куп изненадувања.

Ако по денот утрото се познава, тогаш нѐ очекува навистина интересна сезона во Серија А. по 7 одиграни кола лидер е Наполи со 17 бодови откако синоќа успеа да слави на „Меаца“ против актуелниот шампион Милан, но само поради подобра гол-разлика бидејќи исто толкку бодови има и Аталанта, која, пак, ја изненади Рома среде „Олимпико“ победувајќи со минимални 1:0, а Мурињо доби црвен картон.

Следен во поредокот е, внимавајте, малиот Удинезе. Тимот од Удине синоќа го победи Интер со 3:1 иако имаше негатива по само 5 минути игра, додека претходно, повторно внимавајте, ја преслуша Рома со 4:0. Воедно, „Бјанконерите“ се во серија од 5 победи во низа (Монца, Фиорентина, Рома, Сасуоло и Интер) и во моментов се тимот кој е во најдобра форма во Калчото. Дел од овој тим е и нашиот напаѓач Илија Несторовски, но е резерва и досега само на два натпревара влезе во игра.

Првите 4, односно местата кои водат во Лигата на шампиони, се затвораат со Лацио, екипа која собра 14 бодови, исто колку и Милан, но со подобра гол-разлика.

Јасно е дека ваквиот редослед до крај тешко дека ќе издржи, но барем во моментов ситуацијата изгледа крајно интересна. Со тоа што следува репрезентативна пауза, а нареденото коло е дури на 1 и 2 октомври, Наполи, Аталанта, Удинезе и Лацио ќе ја имаат честа да им бодат очи на сите.

Од 5-тото место па надолу следуваат 4 гиганти: Милан, Рома, Интер и Јувентус. Милан има 1 пораз, оној синоќешниот, и 14 бода, Рома има 2 пораза и бод помалку (13), додека Интер претрпе досега дури 3 порази (Лацио, Милан и Удинезе) и има 12 бодови (нема реми). Оваа четворка ја затвора најголемото разочарување сезонава, тимот на Јувентус, кој собра бедни 10 бода од можнби 21 и има само 1 пораз, но доволно понижувачки за да биде рамен на 10 (синоќа потклекна на гостувањето кај новиот калчолигаш Монца - 1:0).

Можеби ваквиот расплет на настани е големо разочарување за милионските навивачи на гигантите, кои ги има низ целиот свет, но општо земено, за љубителите на фудбалот од Чизмата е нешто многу позитивно. Секогаш е убаво кога и други тимови се на врвот бидејќи разбиваат монотонија, ја прават сезоната интересна, а гигантите добро треба да се  испотат за да бидат онаму каде што планираат - на врвот. Веројатно нема кој не се сеќава на сезоната 2015/2016 кога во Премиер лигата изненади Лестер. Уште долго таква сезона нема да има во Англија, бидејќи не само што беше неизвесна сезона, туку сите беа во еуфорија бидејќи мал клуб им пркосеше на великаните и беше на врвот од почеток до крај. Тоа веројатно нема да се случи со Удинезе, но кои сме ние да не им дозволиме на играчите во бело-црни дресови од 100-илјадниот Удине да се надеваат и да уживаат во сезоната? Ако ништо друго, Удинезе со победите над Рома и Интер покажа дека оваа сезона треба сите да го почитуваат.

А, пак, Наполи со заминувањата на Лоренцо Инсиње, Аркадиуш Милик, Калиду Кулибали и Фабиан Руис во очите на познавачите на Серија А стана прежален клуб кој сезонава максимум ќе се бори за пласман во Лига Европа. Ене го „осакатениот“ Наполи со некои нови момци на врвот во Серија А, со игра каква што немал можеби од времето на Марадона, па со право навивачите од Неапол се надеваат на конечно освојување на тоа толку посакувано Скудето за кое сонуваат од 1990 година.

Тагови
реклама

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Што носи транзитот на Венера во Скорпија на 13 октомври за секој хороскопски знак?

Read more

Реал подготвува нов мегатрансфер  

Read more

Honda повлекува 1,7 милиони автомобили: Сите имаат ист голем дефект

Read more

Теми и коментари

Зошто мора да потфрламе во наједноставните работи?

Read more

За турскиот „пиштолџија“, големите машки победи и бришењето на жените од историјата

Read more

ХПВ инфекцијата не треба да биде смртна пресуда: Колку системот ги препознава здравствените проблеми на жените?

Read more

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more
 

Ново

Кои се седумте држави кои ќе одредат кој ќе биде следниот претседател на САД?

Читај повеќе

Дали е поздраво да се пржи на маст или на масло?

Читај повеќе

Доларот зајакна, скокнаа цените на нафтата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Шпанците на улица: Не можеме да живееме во сопствени градови

Читај повеќе

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Читај повеќе

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе

ЕУ сака да воведе санкции против Иран поради испраќање ракети до Русите

Читај повеќе

Без струја делови од неколку скопски населби

Читај повеќе

Зеленски: Северна Кореја испраќа војници во руската армија

Читај повеќе