Што се случува во нашиот мозок во текот на сексот?

За да сфатиме што се случува со нашиот мозок во текот на сексот и на оргазмот, тим истражувачи користеле MRI (Функционална магнетна резонанца) или PET (позитронска емисиона томографија), уреди кои го мерат протокот на крвта и активноста на невроните.

Со помош на тие уреди научниците ја проучувале мозочната активност на луѓето кои доживуваат оргазам, а притоа се откриени неверојатни работи.

1. Логичкиот дел од мозокот се исклучува

Постои добра причина зошто луѓето се чувствуваат похрабро и помалку загрижено во текот на сексот, дел од мозокот задолжен за логично размислување привремено е исклучен. Според психолозите дел од мозокот одговорен за разумот, носењето одлуки и просудувања станува помалку активен во текот на сексот. Деактивацијата на овој дел од мозокот е поврзана и со послабо чувство на страв.

2. Во оргазмот учествуваат повеќе делови на мозокот

Погледот на човечкиот мозок открива дека во него постојат повеќе регии вклучени во сексуалната возбуда. Истражувачите откриле дека гениталниот сензорен кортекс, моторичките подрачја, хипоталамусот и таламусот светеле на уредите во текот на оргазам.

3. Мозокот ослободува допамин

Во текот на оргазмот мозокот работи прекувремено за да произведе различни хормони и хемикалии. Еден од нив е допаминот, хормон одговорен за чувство на задоволство, желба и мотивација.

Некои го сметаат допаминот за хемикалија на уживањето. Недостатокот на овој хормон значи отсуство на продуктивност и волја, лошо расположение, послаба концентрација и лошо паметење.

4. Ослободување на окситоцин и пролактин

Вториот хормон што мозокот го создава во текот на оргазмот е окситоцинот. За него е задолжена хипофизата, се ослободува во хипоталамусот, а заслужен е за тоа да се чувствуваме блиски со другите.

Окситоцинот е познат како хормон на поврзаноста, а се ослободува во текот на доењето, поттикнувајќи чувство на љубов и приврзаност.

Во текот на оргазмот се ослободува и пролактин, одговорен за чувството на задоволство во текот на оргазмот. Тој исто така е главен хормон одговорен за производство на млеко по бременоста. И двата хормони имаат различна улога во нашето тело и се дел од начинот на кој мозокот ги засилува нашите друштвени врски.

5. Мозокот е стимулиран слично како кај дрогирањето

Мозокот го доживува сексот како нешто пријатно и го активира делот задолжен за наградување. Тоа се истите врски кои се активираат како одговор на употреба на дрога, консумација на алкохол, коцкање, слушање на омилената музика или во текот на уживање во омилената храна.

Интересно е што мозокот не прави разлика меѓу сексот и другите пријатни искуства.

6. Ослободува хемикалии поради кои сме помалку чувствителни на болка

Во текот на сексот се ослободуваат ендорфин, окситоцин и вазопресин, задолжени за помало чувства на болка и за интимност и поврзаност.

7. Женскиот мозок произведува окситоцин и по оргазмот

Кај жените, и по оргазмот се ослободува окситоцин, што ја објаснува потребата за прегратки и нежности по сексот.

8. Мозокот произведува хормон на среќа

Мозокот произведува серотонин, хормон што поттикнува добро расположение и опуштање. Кај некои луѓе серотонинот може да доведе до поспаност и желба за спиење.

9. Оргазмот е природна измама за репродукција

Некои експерти сметаат дека оргазмите се всушност таен начин на кој нас природата нè тера на размножување. Тоа е момент на чиста еуфорија, чувство кое нè тера да го сакаме сексот и што почесто да имаме секс, а со тоа се зголемуваат шансите за потомство.

10. Сексот е здрав за мозокот

Зголемувањето на проток на крв во текот на сексот е добро за здравјето на мозокот, колку почесто водите љубов, толку подобри си правите себеси, кога станува збор за здравјето.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе