Што се случува во телото ако јадеме јагоди секој ден?

Неодамна започна сезоната на јагоди, еден од најхранливите и најомилените видови овошје.

Јагодите се преполни со антиоксиданси и други есенцијални хранливи материи корисни за здравјето. Поради високата содржина на антиоксиданси, тие можат да придонесат за подобро здравје и да помогнат во спречување на болести. Редовното јадење јагоди како дел од урамнотежена исхрана обезбедува бројни придобивки за целокупното здравје.

Експертите за исхрана истакнаа некои од најпознатите придобивки:

Антиинфламаторно дејство

Јагодите својата црвена боја ја должат на антоцијанот, растително соединение со антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Јагодите содржат околу 73 милиграми антоцијани по килограм, што е еквивалентно на приближно 13 милиграми по чаша исечени јагоди.

Редовното консумирање јагоди може да го зголеми нивото на антиоксиданси во телото и да ги намали воспалителните маркери. Овие ефекти може да имаат значително влијание врз здравјето. Шарника Вајт, регистрирана диететичарка, вели: „Поради нивните антиоксидантни својства, јагодите се поврзани со подобрување на здравјето на срцето, когнитивната функција и варењето на храната“.

Придонесуваат за здравјето на срцето

Влакната и антиоксидансите во јагодите имаат корисен ефект врз срцето. Нутриционистката Лиза Јанг објаснува дека „високото ниво на антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија во јагодите може да го намали ризикот од срцеви заболувања со намалување на крвниот притисок, подобрување на нивото на холестерол и намалување на воспалението“.

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на две и пол порции јагоди дневно може да ја намали концентрацијата и големината на честичките на LDL холестеролот, познат и како „лош“ холестерол кој го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Ја поддржуваат функцијата на мозокот

Антиоксидансите од јагодите ги штитат мозочните клетки и ја подобруваат нивната меѓусебна комуникација. Една мала клиничка студија покажала подобрувања во препознавањето зборови, просторното учење и меморијата кај луѓето кои консумирале 24 грама замрзнати јагоди (еквивалентни на две чаши свежи јагоди) дневно во текот на 90 дена, известува Eating Well.

Општо земено, зголемениот внес на зрнесто овошје, вклучително и јагодите, може да го забави когнитивниот пад. Д-р Симран Малхотра вели: „Луѓето кои јадат повеќе јагоди може да имаат 34 отсто помал ризик од развој на Алцхајмерова деменција, заедно со подобрена функција на мозокот“.

Го подобруваат здравјето на цревата

Хранливиот состав на јагодите веројатно придонесува за нивните позитивни ефекти врз цревната флора. Нутриционистката Сара Глински објаснува дека „влакната и полифенолите во јагодите имаат пребиотик ефект, што го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата“.

Едно истражување покажа дека консумирањето на 26 грама замрзнато сушени јагоди во прав за четири недели го зголемува бројот на корисни цревни микроорганизми. Други истражувања, исто така, потврдуваат дека јагодите, без разлика на нивната форма, позитивно влијаат на микробиомот на цревата.

Помагаат при чувствителност на инсулин

Јагодите содржат јаглехидрати и можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта. Сепак, поради нивната висока содржина на влакна и полифенол, тие можат да имаат корисен ефект врз нивото на инсулин. Истражувањата покажуваат дека вклучувањето на јагоди во урамнотежена исхрана може да го намали нивото на инсулин на гладно и после оброк и да ја подобри чувствителноста на инсулин.

Тагови
реклама

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more

Затишје пред бура: Цените на половните автомобили пред драматична промена

Read more

Германија подготвува најстрог сообраќаен закон: Целосна забрана за апликации за предупредување од камери

Read more

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Read more

Здравје

Нов тест на крвта открива Паркинсонова болест години пред првите симптоми

Read more

Анализирани 1000 намирници, избрана е најздравата: 20-30 грама на ден се доволни за поздраво срце и нормален шеќер

Read more

Која храна може да го намали ризикот од рак на дебелото црево?

Read more

Една едноставна промена значително го намалува ризикот од депресија

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Обама за вонземјаните: Постојат, но јас не сум ги видел

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 џиновски светилници

Читај повеќе

Нов тест на крвта открива Паркинсонова болест години пред првите симптоми

Читај повеќе

Анализирани 1000 намирници, избрана е најздравата: 20-30 грама на ден се доволни за поздраво срце и нормален шеќер

Читај повеќе

Кој е најдобриот начин да направите тесто за американски палачинки?

Читај повеќе

Сатурн влегува во Овен: На 14 февруари за три хороскопски знаци почнува моќна ера

Читај повеќе

Која храна може да го намали ризикот од рак на дебелото црево?

Читај повеќе

Идеја за ручек: Карбонара на балкански начин

Читај повеќе

Како ефикасно да ги исчистите наслагите од маснотии на шпорет со рамна плотна?

Читај повеќе