Што се случува во телото ако јадете премногу месо?

Веројатно сте слушнале поделени мислења за тоа дали јадењето месо е добро или лошо за вас. 

Иако сè уште се дебатира за точниот одговор, експертите се согласија во едно - прекумерното консумирање месо може да го зголеми ризикот од многу здравствени проблеми. Еве неколку работи кои би можеле да му се случат на вашето тело доколку претерате со јадење месо.

Умор

Со оглед на тоа дека месото е богато со протеини кои ни даваат енергија, може да ве изненади ако наместо очекуваната енергија почнете да се чувствувате уморни после јадење. Тајната лежи во видот на месо што го јадете. Имено, многу истражувања потврдиле дека преработеното месо е еден од главните виновници за чувството на замор после јадење храна, односно резултира со послаб или посилен ментален замор.

Косата и кожата може да ви изгледаат полошо

Ако јадете премногу месо, веројатно занемарувате некои други намирници богати со хранливи материи важни за вашето здравје. Нутриционистката Џена Бреддок ја нагласува важноста на витаминот Ц во секојдневната исхрана за The Healthy.

„Витаминот Ц ретко се наоѓа во производите од животинско потекло, па ако јадете повеќе месо од некои други намирници, може да доживеете негов недостаток. Витаминот Ц игра важна улога во формирањето на колаген, протеин кој и дава структура на кожата, косата, ноктите и коските. Доколку немате доволно, би можеле да ги забележите овие промени во вашето тело“, нагласува нутриционистката.

Почесто ќе се разболувате

Вашата кожа не е единствената што ќе го почувствува недостатокот на витамин Ц, туку ќе влијае и на вашиот имунитет. Доколку сте почнале почесто да се разболувате и чувствувате дека повеќе не сте толку отпорни на болести, можеби треба да ги промените навиките во исхраната. Вашата исхрана треба да биде разновидна, а особено да внимавате да консумирате доволно овошје и зеленчук.

Проблеми со варењето

Ако вашата исхрана главно се состои од месо и месни производи, тоа може да влијае и на вашето варење. Имено, месото е намирница која речиси и да нема влакна, кои главно ги има во овошјето, зеленчукот и интегралните житарки. Запек или болно празнење на дебелото црево се некои од првите знаци дека вашата исхрана има недостаток на влакна.

Загрозување на срцевото здравје

Друга придобивка од влакната е тоа што му овозможуваат на телото да го апсорбира холестеролот, а тоа може да го заштити вашето срце. Ако јадете црвено или преработено месо секој ден и избегнувате свежа храна, житарки и други извори на влакна, здравјето на вашето срце може да биде загрозено. Имено, овие видови месо се богати со заситени масти, за кои истражувањата покажуваат дека создаваат лош холестерол и на тој начин го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Камења во бубрезите

Покрај протеините, прекумерното консумирање црвено или бело месо внесува и зголемено количество на азот во вашето тело. Тоа може да резултира со формирање на калциум, кој потоа телото се обидува да го исфрли преку бубрезите. Тогаш може да се појават болни камења во бубрезите, кои во повеќето случаи бараат третман, а често и хоспитализација.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Здравје

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе