Што се случува во телото ако секој ден јадеме овесна каша?

А.С.
/ 29.03.2023 / 15:54

Овесната каша е една од најздравите намирници што треба да ја вклучиме во исхраната, советуваат многу диететичари.

Како што пишува Mayo Clinic, се препорачува денот да го започнете со здрава порција овесна каша. Имено, тие се познати по тоа што се одличен извор на влакна, го намалуваат нивото на гликоза и холестерол во крвта и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Тие причини се доволни сами по себе, но јадењето овесна каша помага и за подобро здравје на цревата. Иако големите здравствени промени можеби нема да се видат за неколку денови или дури недели, колумнистот и репортер на The Healthy, Џејми Статис, одлучи да јаде овесна каша за појадок секој ден во текот на една недела за да види какви здравствени ефекти може да забележи.

Еве какви промени забележала откако една недела јадела овесна каша:

посилен имунитет

побрз метаболизам

подобро варење

повеќе енергија

повеќе ситост.

Remote video URL

„Планирам да продолжам да јадам овесна каша. Ми се допадна компонентата за ситост. Иако не сум направила тестови на крвта за да докажам какви било промени во моето здравје, прекрасно е чувството да се хранам правилно и добро да се грижам за себе. Можеби веќе нема да јадам овесна каша секој ден, но дефинитивно ќе ја јадам почесто од порано“, вели Статис.

Овесот може да го внесувате на различни начини, како мафини од овесни снегулки, за кои рецепти ќе најдете ТУКА, а не заборавајте дека овесната каша може да ја јадете и во слатка, и во солена варијанта.

Remote video URL
Тагови
реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Помрачување на Сонцето на 17 февруари: Нов почеток за 4 хороскопски знаци

Read more

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Read more

Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат

Read more

Фит

Комбинација од 4 витамини им помага на мускулите побрзо да се опорават по тренинг

Read more

Што се случува во телото ако јадете путер од кикиритки секој ден?

Read more

Криза на „машкоста“: Како инфлуенсерите „дебело“ заработуваат лажејќи ги младите мажи?

Read more

Што треба да јадете наутро за да го топите салото побрзо?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Единствената сестра на Адолф Хитлер за која ретко се зборува

Читај повеќе

Како правилно да чувате зрна и мелено кафе?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Паста е фаџоли на балкански начин

Читај повеќе

Како да се ослободите од жолтите дамки на душекот?

Читај повеќе

Европска земја подарува приватни острови, но има една „цака“

Читај повеќе

Работат 4 дена, петок се слободни, а продуктивноста е висока: Во Холандија знаат како

Читај повеќе

Зошто шведска болница бара донатори на измет?

Читај повеќе

6 правила за пари што богатите никогаш не ги кршат

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден непопуларен зеленчук е „мелем“ за црниот дроб

Читај повеќе