Што се случува во телото и мозокот кога сте под стрес поради финансии?

Луѓето постојано се под стрес, а најчесто парите се главни виновници за тоа. Ова го потврдува и истражувањето спроведено од Credit Sesame, кое открива дека 82 проценти од оние кои се борат со долгови на кредитните картички доживуваат стрес, пишува Huffington Post.

Истото истражување покажува дека 40 проценти чувствуваат срам поради тоа, а 25 проценти од испитаниците признале дека плачеле поради ситуацијата во која се нашле.

Но, ако и самите некогаш сте се нашле во слична ситуација со финансиски проблеми, сте се увериле на сопствена кожа дека последиците се бројни. Од ослабено когнитивно функционирање до сериозни болести.

Но, што точно се случува во телото во текот на стрес од овој вид?

1. Телото ви порачува „бори се или бегај“

Во вас се јавува нагон за борба или бегство, станува збор за механизам на преживување кој им овозможил на нашите предци брзо да реагираат во ситуации кога се соочени со непосредна  закана. Во тие моменти се ослободуваат хормони на стресот, како адреналин или кортизол кои помагаат да се носите со проблемите.

„Оваа природна реакција има влијание на телото, таа нè исцрпува“, објаснува Ејми Дарамус, клинички психолог од Чикаго.

Таа тврди дека ваквиот вид на стрес може да предизвика толку големо напрегање на мускулите што предизвика и болка. Освен тоа, го нарушува и имунитетот.

„Може да предизвика главоболка, но и други болки, без да бидете свесни дека сте под стрес“, објаснува таа.

2. Почнувате да носите лоши одлуки

Дури и ако сметате дека сте интелигентна, разумна личност, финансискиот стрес може да ја ослаби вашата способност за носење добри одлуки.

„Под стрес протокот на крв се намалува во предниот дел на мозокот и се зголемува во деловите кои помагаат во преживување“, вели Дарамус.

Со оглед на тоа што тие делови од мозокот помагаат во вештини како што се решавање проблеми, планирање, концентрација и контрола на импулсот, намаленото функционирање може да доведе до носење лоши одлуки.

Кога сте загрижени или испаничени поради финансиската ситуација вашите одлуки стануваат поимпулсивни и поттикнати од нагонот за преживување.

3. Може да се појават анксиозност и депресија

Постојаната грижа за пари може да доведе до сериозни психолошки проблеми.

„Кога сме под стрес поради пари може да станеме многу анксиозни, па дури и депресивни“, вели Карла Мери Менли, клинички психолог од Калифорнија.

Постојат и случаи кога кај луѓето се појавуваат и самоубиствени мисли поради финансиските проблеми во кои се нашле.

Истражување на The Ascent of America, кое опфатило луѓе кои имале долг од најмалку 1.000 долари, дошло до загрижувачки резултати за поврзаноста на чувството на среќа, исполнетост и самопочит со финансиските проблеми. Околу 38 проценти од испитаниците одговориле дека не можат да спијат навечер поради долгот, 48 проценти изјавиле дека нивниот долг негативно влијае на оптимизмот, додека 47 проценти сметаат дека негативно влијае на самодовербата.

Околу 97 проценти сметаат дека би биле посреќни кога не би имале финансиски проблеми.

4. Хроничниот стрес доведува до сериозни заболувања

„Кога нивото на адреналин и кортизол се постојано зголемени доаѓа до физиолошки оштетувања. Како резултат на тоа многумина кои страдаат од хроничен стрес имаат поголем ризик од срцеви заболувања, дијабетес, хронични проблеми со спиење и слично“, вели Менли.

5. Се зголемува ризикот од развој на зависности

Истражувањата покажале дека оние кои имаат проблеми со пари многу полесно развиваат зависност. Студија на Универзитетот во Њујорк најде директна врска меѓу зголемениот финансиски стрес и прекумерното пиење алкохол и пушењето, особени меѓу повозрасните мажи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе