Што се случува во телото по убод на комарец?

Самата помисла на комарец асоцира на иритирачкото чешање на кожата по убодот, а кое сакате веднаш да го ублажите. Но, зацрвенетото место не исчезнува веднаш. И веднаш се поставува прашањето, зошто се појавува чешањето?

Што се случува во телото по убод на комарец? Ретко размислуваме за тоа што се случува додека овој инсект се храни од нашата крв и зошто на крајот, зацрвенетото место толку чеша? Според истражување од 2018 година, причината за тоа се крие во плунката на комарците.

Истражување покажа дека во просек на комарец му е потребно околу 4 минути за да го наполни стомакот со крв. Проблемот е тоа што во текот на тоа време може да биде забележан од жртвата од која се храни што значи лесно може да биде откриен. Плунката на комарците има состојка која ја здрвува кожата. Откако комарец ќе ја плукне кожата, не го чувствуваме убодот. Потоа малиот натрапник почнува со потрагата по крвни садови под кожата. Се обидува и по неколку пати додека не го пронајде тоа што бара. Плунката му помага полесно да ја цица крвта.

Штом ќе ја пронајде вената комарецот повторно испушта плунка, во неа се содржат повеќе од 100 протеини кои имаат различна цел, една од нив е крвта да нe се згрутчува. На тој начин полесно цица.

Финтата е во тоа штом нашата вена е оштетена, телото почнува да ја лечи. Ова може да го спречи инсектот да цица. Но, натрапникот лесно се справува и со ова, друго истражување откри дека во плунката има состојка која го запира овој процес и ги шири крвните садови.

Убодот чеша бидејќи сме алергични на нив, а за тоа повторно е виновна плунката. Убодот содржи нетоксични протеини кои резултираат во чешање, црвенило и оток. Има и луѓе кои не се алергични на нив.

Некои луѓе повеќе привлекуваат комарци поради мирисот кој се шири од нив, произведен од микробите кои живеат на нашата кожа. Затоа користете природни средства за заштита од убоди од комарци, како на пример масло од еукалиптус, пишува Bright Side.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе