Што се случува во вашето тело ако редовно јадете ленено семе?

Нутриционистите тврдат дека семето од лен треба да го вклучиме во секојдневната исхрана.

Од подобрување на варењето и намалување на ризикот од многу болести до подобрување на когнитивната функција, постојат многу начини на кои консумирањето ленено семе може да помогне во одржувањето на целокупното здравје, пренесува Eat This.

Со оглед на тоа дека е богато со растителни влакна, лененото семе одлично делува на подобрување на варењето и регулирање на метаболизмот. Всушност, ако сакате едноставно да го зголемите внесот на влакна, додавањето ленено семе во вашиот оброк може да биде одличен начин за почеток. Една лажица цело ленено семе има речиси три грама влакна, што е 11 отсто од препорачаната дневна вредност.

Покрај поздравото варење и побрз метаболизам, консумацијата на ленено семе придонесува и за полесно слабеење, односно ослободување од вишокот килограми.

Освен влакна, лененото семе е одличен извор на омега-3 масни киселини, особено т.н. алфа-линоленска киселина (ALA), еден вид есенцијална масна киселина која телото не може да ја произведе.

Како што објаснуваат диететичарите, докажано е дека консумирањето на омега-3 масни киселини го намалува воспалението во телото, што може да помогне да се спречи развојот на хронични болести. Тоа е поврзано и со намалување на ризикот од срцеви заболувања, како што се срцев удар и мозочен удар, со намалување на високиот крвен притисок, но и со подобрување на когнитивните функции.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе