Што сè заплени Царинската управа минатата недела?

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани скенер со софтвер за забарска протетика, ЛЕД светилки и делови за нивна монтажа, пари во кеш, рачни часовници, гасен пиштол и муниција за гасни пиштоли.

Задржана е следната стока:

Техничка стока

- 3Д скенер  со компјутер, монитор и софтвер за забарска протетика, откриени при контрола на автомобил со италијански регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи биле пронајдени на задното седиште и во багажникот на возилото помеѓу личните работи на патниците. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава.

- 691 разни производи за електрично осветление (лед-светилки, лед-ленти, лед-плафоњерки, дозни, арматури за светилки, прекинувачи, приклучници и друго), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со англиски регистарски таблички управуван од албански државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во кеси и картонски кутии сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна пријава.

Пари во кеш

- 4.600 евра, откриени во два одвоени случаи на Интернационалниот Аеродром Скопје, при личен претрес на двајца македонски државјани.

Во првиот случај, во преден џеб од фармерките на патник кој имал намера да отпатува со лет за Братислава, биле пронајдени 5.200 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 3.200 евра биле привремено задржани.

Во вториот случај, во џебови од фармерките на македонски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Истанбул, биле пронајдени 3.400 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 1.400 евра биле привремено задржани.

Во двата случаи против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки.

Рачни часовници

- 2 рачни часовници, марка ROLEX и AUDEMARS PIGUET -ROYAL  откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Базел. Непријавените часовници, пронајдени во џеб од фармерки сместени во рачна торба, се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Гасен пиштол

- 1 гасен пиштол марка BLOW со калибар од 9 mm и 50 парчиња муниција за гасен пиштол ZUBER со калибар 9mm, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Истанбул – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Непријавениот пиштол и муницијата биле пронајдени во дупло дно на патна торба, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот. Истите се привремено задржани а против патникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иран им се закани на земјите од ЕУ

Read more

Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина

Read more

Македонија

Мицкоски не гледа причина за оставка на Тошковски

Read more

Гаши: Мажите да научат дека машкоста не се зголемува со понижување, презирање и потчинување на жените

Read more

10 тони опасен хемиски отпад со години складиран во руиниран објект на Институтот за јавно здравје

Read more

Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата

Read more
 

Вести

Мицкоски не гледа причина за оставка на Тошковски

Читај повеќе

Гаши: Мажите да научат дека машкоста не се зголемува со понижување, презирање и потчинување на жените

Читај повеќе
  • filter

10 тони опасен хемиски отпад со години складиран во руиниран објект на Институтот за јавно здравје

Читај повеќе

Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата

Читај повеќе

Трамп нападнал повеќе земји од кој било друг претседател на САД

Читај повеќе

Иран им се закани на земјите од ЕУ

Читај повеќе

Криза на машкоста: Кои мажи веруваат дека жената секогаш треба да го слуша својот сопруг?

Читај повеќе

Претседателката на Македонија: Зошто владеењето на правото се трансформира во владеење на насилните мажи?  

Читај повеќе

Зајкова: Не, колеги, насилството врз жените не е семејна работа, тоа е државна одговорност

Читај повеќе