Музика

Што слушате додека возите: Пет најопасни песни за возење

20. ноември 2018 - 19:20 | А.С.

Вистинското уживање додека возите не е целосно без соодветна музика, а има малку работи што може да се споредат со добар автомобил и добра музика.

Сите имаме омилена песна и омилен музичар, но според едно најново истражување, не е секоја музика препорачлива за возење, од безбедносни причини.

Истражувањето покажа дека одредени песни „ги тераат“ возачите да возат поопасно - поточно, песните со повеќе од 120 бита во минута имаат негативно влијание што предизвикува побрзо возење, а со тоа и повеќе сообраќајни прекршоци и несреќи.

„Ако почувствувате дека сте деконцентрирани поради песна на радио или на вашата плејлиста, сменете ја станицата, односно плејлистата“, вели Тим Шварц, маркетинг директор на Moneybar, британска кредитна и лизинг компанија за автомобили.

Moneybarn анализираше 96 најпопуларни песни на дигиталниот музички сервис Spotify и состави ранг листи на најопасни и најбезбедни песни за возење.

Интересно е што помалку од 30% од најпопуларните песни добиле препорака дека се безбедни за возење. Moneybarn преку анализи утврди дека не се само темпото и енергијата на песната „опасни“ кога возите, туку и како „вревата“ на песната влијае на вашите реакции и на брзината на отчукување на срцето.

„Навистина е интересно што нешто толку невино како бирање музика за патување може да претставува опасност по вашата безбедност“, заклучува Шварц.

Пет најопасни песни за возење

1. American Idiot – Green Day

2. Party in the U.S.A – Miley Cyrus

3. Mr. Brightside – The Killers

4. Don’t Let Me Down – The Chainsmokers

5. Born to Run – Bruce Springsteen

Пет најбезбедни песни за возење

1. Stairway to Heaven – Led Zeppelin

2. Under the Bridge – Red Hot Chili Peppers

3. God’s Plan - Drake

4. Africa – Toto

5. Location – Khalid

Коментирај