Што точно ќе се случи во телото ако јадеме домати секој ден?

Без разлика на видот и бојата, доматите сега ги има насекаде.

Ова е сезоната на ова сочно овошје за кое всушност мислиме дека е зеленчук, а добрата вест е што не само што е вкусно, туку и полно со есенцијални хранливи материи и антиоксиданси.

Еден домат со средна големина содржи само 22 калории, но е богат со витамин Ц, калиум, фолна киселина, витамин К, бета-каротин и други хранливи материи.

Во продолжение дознајте како редовното јадењео домати влијае на нашиот организам.

Се зголемува внесот на антиоксиданси

Секојдневното јадење домати може значително да го зголеми нивото на антиоксиданси, особено ликопен. Ликопенот е каротеноид кој на доматите им ја дава црвената боја. Го има и во друго овошје и зеленчук, како што се лубеницата, кајсиите и папајата. Ликопенот е познат по својата способност да ги неутрализира штетните слободни радикали во телото, потенцијално намалувајќи го ризикот од одредени хронични состојби. Редовното јадење домати може да доведе до повисоки нивоа на ликопен во крвотокот, нудејќи подобрена заштита од оксидативен стрес и некои болести.

Може да се намали ризикот од мозочен удар

Бројни студии потврдија дека редовното јадење домати може да помогне да се намали ризикот од мозочен удар, делумно поради високата содржина на ликопен. Едно истражување покажа дека луѓето со највисоко ниво на ликопен во крвта имаат 55 отсто помали шанси да доживеат мозочен удар отколку луѓето со најниско ниво на ликопен во крвта.

Високата содржина на калиум во доматите помага во регулирање на крвниот притисок, додека влакната помагаат во намалување на нивото на холестерол. Ликопенот во доматите може да помогне и во намалување на ризикот од срцеви заболувања со намалување на LDL холестеролот. Со текот на времето, оваа дневна доза на соединенија здрави за срцето може да придонесе за подобро кардиоваскуларно здравје.

Здравјето на кожата се подобрува

Тоа е затоа што комбинацијата на витамин Ц, ликопен и други антиоксиданси кои се наоѓаат во доматите може да помогне да се заштити вашата кожа од оштетување на сонцето, па дури и може да спречи некои знаци на стареење, како фини линии и опуштена кожа. Витаминот Ц е неопходен за производство на колаген, кој ја одржува вашата кожа цврста и младешка.

Може да го намали ризикот од некои видови рак

Друга причина за секојдневно уживање во доматите е тоа што ликопенот и другите антиоксиданси кои се наоѓаат во оваа сочна храна се поврзани со намалување на одредени видови на рак, особено рак кои влијаат на дигестивниот систем (уста, хранопровод, желудник, дебело црево и ректум).

Истражувањата покажуваат дека антиинфламаторните ефекти на ликопенот и другите клеточни инхибиторни механизми може да го ограничат растот и метастазирањето на клетките на ракот.

Може да го подобрите видот

Доматите се богат извор на бета-каротен, кој е неопходен за одржување на добар вид. Покрај тоа, тие содржат лутеин и зеаксантин, два важни антиоксиданси кои помагаат да се спречи макуларна дегенерација поврзана со стареењето. Макуларната дегенерација поврзана со стареењето е хронична состојба во која е оштетен дел од мрежницата наречена макула. Истражувањата покажуваат дека редовното јадење домати може да придонесе за долгорочно здравје на очите и потенцијално да го намали ризикот од одредени очни болести.

реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Доларот конечно зајакна

Read more

Трамп Џуниор дојде во Белград, Вучиќ му печеше прасе

Read more

Здравје

Знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Read more

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат жените?

Read more

Хормонален дисбаланс кај жените: Симптоми што не треба да ги игнорирате

Read more

Додавањето на една состојка во оброците може да ги намали скоковите на шеќерот во крвта

Read more
 

Магазин

Знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Опоравување по напорен тренинг: Што помага при болки во мускулите?

Читај повеќе
  • play_arrow
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Читај повеќе

Зошто е важно да му дозволите на вашето дете да се разочара?

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат жените?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

39 години по хаваријата: Колку вистина има во митовите за Чернобил?

Читај повеќе
  • filter

Јубилејна 30. сезона на FWSK: Скопје знае што е мода

Читај повеќе

Рецепт за опоравување по велигденските гозби

Читај повеќе

Зошто е полесно се слабее кога е топло надвор?

Читај повеќе