Што точно му вети Ким на Трамп?

Полигонот за ракетни тестирања, кој севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вети дека ќе го уништи, всушност е голем објект во западниот дел на Северна Кореја.

Споменатиот полигон се користи за тестирање на ракети од долг домет.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, после самитот со Ким на 12 јуни, изјави за новинарите дека севернокорејскиот лидер ветил дека ќе уништи еден од своите ракетни полигони, што ќе биде едно од најконкретните дела на Северна Кореја од утврдените точки на состанокот во Сингапур, а Трамп тогаш не прецизираше точно за која локација станува збор.

Меѓутоа, неименуван американски функционер вчера изјави дека станува збор за полигонот Сохае, за лансирање на сателити на запад во земјата, додавајќи дека Северна Кореја „ја користела оваа локација за тестирање на мотори на течно гориво за своите балистички ракети со долг домет“, пренесуваат светските меидуми.

Сохае е полигон воспоставен во 2008 година, а во негова близина се наоѓа и одредиште за ракетен развој, како и кула за поддршка на балистичките ракети.

Овој полигон претежно се користеше за тестирање на големи мотори за ракети од долг домет, како што е „Хвасонг-15“.

Северна Кореја има и други објекти за тестирање на ракети, но ако се реализира уништувањето на овој полигон, тоа би било од големо значење, укажуваат некои аналитичари, додека други сметаат дека затворањето на полигонот би било повеќе симболичен гест, отколку потег со кој технички би се онеспособиле ракетните капацитети на оваа земја.

Не е познато кога точнo Северна Кореја би можела да го затвори овој полигон, а покрај тоа, Пјонгјанг нема јавно потврдено дека Ким ветил такво нешто, пренесуваат светските медиуми.

Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, вчера за новинарите изјави дека „не знае ништо“ околу тоа дали Северна Кореја почнала да прави нешто во правец кон денуклеаризација.

„Тоа е всушност самиот крај на процесот. Детални преговори не се започнати. Не би го ниту очекувал тоа во овој момент“, изјави Матис.

Група задолжена за следење на активностите на Северна Кореја со седиште во САД, под назив „38 North“, соопшти дека анализа од крајот на минатата недела покажува дека нема никакви знаци за каква било активност во правец на уништување на полигонот Сохаеили кој било друг полигон за ракетни проби.

Иако Трамп го фалеше самитот во Сингапур како голем успех, скептици го поставуваат прашањето дали тој воопшто нешто постигна таму, во однос на тоа дека Пјонгјанг, кој одби еднострано нуклеарно разоружување, нема ветено ништо ново во заедничката писмена декларација.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Свет

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Read more

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Read more

Г7 подготвува мерки против Иран

Read more

Украинците имаат нови моќни дронови во кампањата против Русија

Read more
 

Вести

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе