Што точно значи ефикасност на вакцината од 72,51%?

Институтот Sinopharm во Вухан вчера соопшти дека нивната вакцина е ефективна 72,51 проценти по две дози, што донекаде ги обесхрабри сите оние кои ја примиле или се пријавиле да примат вакцина против COVID-19, бидејќи процентот е под процентот на ефикасност на вакцините Sputnik V, AstraZeneca и Pfizer/BioNTech.

Од српскиот портал B92.net побараа одговори за тоа што значи ваквата ефикасност, имајќи предвид дека во Србија се дадени милион дози од оваа вакцина. Тие ја контактираа д-р Татјана Радосављевиќ, пулмолог, која самата ја прими оваа вакцина и таа вели дека немала никакви несакани ефекти од вакцината.

„Овој процент не мора да значи ништо, сè уште е кратко време за конкретна проценка, иако Кина веќе го стори тоа на голем примерок. Она што можам да го забележам кај моите пациенти и мојата околина е дека има многу добри ефекти и дека никој немал некакви штетни појави, ниту јас, а се ревакцинирав. Дури знам и девојка која се разболе од COVID-19 по вакцинирањето и помина со полесна клиничка слика, а 10 дена по таа прва доза имаше висок титар на IGG антитела“, вели д-р Радосављевиќ за B92.net.

Според неа, најголем показател за ефикасноста и безбедноста на вакцината е тоа што помина покрај српската Агенција за лекови и медицински помагала.

„Агенцијата одобри и целосно провери и колку што знам дека се користи во Кина од април минатата година и не би ја давале ако не беше одобрена претходно. Тоа што се пишува дека само што добила одобрение е политика на западните медиуми кои ги пропагираат американските и европските производители“, вели пулмологот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе