Хормоналната нерамнотежа станува честа грижа кај жените, особено по 40-годишна возраст, поради природните промени како што се перименопауза и менопауза и промените во нивото на естроген и прогестерон.

Овие промени може да предизвикаат симптоми како што се замор, зголемување на телесната тежина, промени во расположението и проблеми со спиењето.
Иако овие промени се неизбежни, има одредени чекори кои жените можат да ги преземат за да ги ублажат симптомите, а еден од нив е исклучување на одредени работи од нивната исхрана.
Диететичарката Тејлор Столт, лекарката д-р Тања Бобрун и нутриционистката Лиза Ричардс открија кои пијалоци и храна жените треба да ги избегнуваат или ограничуваат по 40-тата година од животот.
Месото од растително потекло често се рекламира како здрав избор, но може да има негативни ефекти врз хормоните. Проблемот со оваа храна е високата содржина на соја. Прекумерната потрошувачка на фитоестрогени, соединение присутно во сојата што го имитира естрогенот во телото, може да предизвика хормонални флуктуации кај постарите жени.
„Многу растителни замени за месо содржат изолати на протеин од соја кои можат да го имитираат естрогенот во телото и потенцијално да доведат до нерамнотежа, особено кај жени чувствителни на флуктуации на естроген. Овие производи, исто така, често содржат адитиви, конзерванси и вештачки вкусови кои можат да го нарушат ендокриниот систем и придонесуваат за хормонална нерамнотежа“, објаснува Столт за SheFinds.
Проблемот со млечните производи лежи во природните хормони, како што се естрогенот и прогестеронот, кои ги произведуваат кравите. Постарите жени, кои веќе се соочуваат со промени во нивото на естроген, може дополнително да ја нарушат нивната хормонална рамнотежа ако прекумерно консумираат млечни производи.
„Млечните производи содржат природни хормони, како што се естроген и прогестерон, кои можат да се мешаат во регулирањето на хормоните на телото“, вели Ричардс.
Бобрун додава: „Хормоните и антибиотиците во неорганското млеко може да го нарушат нивото на естроген и прогестерон. Изборот на млеко без хормони, органско млеко или млечни замени може да помогне“.
Без разлика во која фаза од животот се наоѓаме, засладените пијалоци не се добар избор. Пијалоците како овошни сокови, кафе, газирани пијалоци или енергетски пијалоци предизвикуваат скокови на инсулин, што влијае на хормоните.
Столт објаснува: „Овие пијалоци предизвикуваат скокови на инсулин, намалувајќи го глобулинот за врзување на половите хормони (SHBG), кој може да ги зголеми нивоата на естроген и тестостерон. Високиот инсулин, исто така, промовира хронично воспаление и ги нарушува сигналите за глад, што може да доведе до прејадување и зголемување на телесната тежина. мастите произведуваат повеќе естроген, што дополнително ја влошува доминацијата на естрогенот“.
За среќа, постојат голем број на храна што можеме да ја консумираме наместо тоа за да спречиме хормонална нерамнотежа и да ги ублажиме симптомите. Лосос, зеленчук од родот зелки, зрнесто овошје и авокадо се само дел од намирниците кои Столт ги препорачува. Овие намирници помагаат во намалување на воспалението, го поддржуваат здравото производство на хормони, помагаат во детоксикација на црниот дроб и се богати со влакна.
Бобрун, исто така, сугерира дека „техниките за намалување на стресот, како што се јогата и внимателноста, заедно со додатоците како што се магнезиум или адаптогени, можат дополнително да придонесат за хормоналната рамнотежа“.
Сите ги знаеме негативните страни на алкохолот и покрај тоа што е еден од најпопуларните пијалаци во светот. Алкохолот всушност може да влијае на клучните процеси на регулирање на хормоните, особено кога телото старее и метаболизмот се забавува.
Столт открива дека алкохолот влијае на речиси секој хормон во телото, но не на добар начин.
„Алкохолот ја нарушува функцијата на црниот дроб, кој игра клучна улога во метаболизирањето на естрогенот, што доведува до нерамнотежа како доминација на естрогенот. Дури и еден пијалок може значително да го намали производството на мелатонин, да го наруши сонот и да предизвика низа хормонски проблеми. Алкохолот исто така го намалува прогестеронот, го зголемува нивото на тестостерон и ја ослабува функцијата на надбубрежните жлезди, што придонесува за нерамнотежа на хормонот на стресот“, објасни таа.
Со текот на времето, ова може да го влоши чувството на замор, промени во расположението и зголемување на телесната тежина.