Што треба да јадат луѓето над 50 години за здраво срце?

Јогуртот и ферментираната храна се познати по тоа колку се корисни за здравјето на цревата, но нудат и други придобивки.

Редовното вклучување на таква храна во исхраната може да има позитивни ефекти врз меморијата, расположението и здравјето на срцето, особено кај луѓето над 50 години.

Пробиотиците ја поддржуваат функцијата на мозокот преку подобрување на врската црево-мозок, помагаат во балансирање на хормоните кои го регулираат расположението и придонесуваат за здравјето на срцето со намалување на холестеролот и воспалението.

Лекарите издвоија три такви намирници кои придонесуваат за здравјето на цревата и срцето.

Кефир

Кефирот содржи многу пробиотски соеви кои ја подобруваат когнитивната функција и целокупното здравје.

„Различни пробиотски соеви и биоактивни соединенија во кефирот го подобруваат здравјето на цревата и се поврзани со подобра когнитивна функција и заштита од когнитивно опаѓање. Редовното консумирање кефир поддржува здрава цревна микробиота, која игра клучна улога во стабилизирање на расположението и намалување на симптомите на анксиозност и депресија Кефирот може да придонесе за намалување на крвниот притисок и подобрување на нивото на холестерол, што е од корист за здравјето на срцето“, рече докторот за холистичка медицина, д-р Шам Синг за SheFinds.

Диететичарката Саманта Касети додава: „Една студија покажа дека консумирањето на шест порции ферментирана храна, како што е кефирот, дневно доведува до поразновидна микробиота и намалени маркери на воспаление. Овие фактори можат да го намалат ризикот од голем број состојби, вклучително и автоимуни болести. дијабетес тип 2, срцеви заболувања и нарушувања на расположението, како што се депресија и анксиозност“.

Кисела зелка

Пробиотиците во киселата зелка го поддржуваат здравјето на цревата, што е исто така важно за здравјето на мозокот.

„Киселата зелка, со својата содржина на пробиотик, е моќна ферментирана храна која ја препорачувам за одржување на здравјето на цревата. Здравото црево, поддржано од пробиотиците во кисела зелка, може позитивно да влијае на когнитивната функција и меморијата со намалување на воспалението и оксидативниот стрес. Пробиотиците во киселата зелка, исто така, ја подобруваат врската меѓу цревата и мозокот, која помага да се управува со расположението и да се намали анксиозноста и депресијата“, истакнува д-р Синг.

Кисели краставички

Пробиотиците во киселите краставички промовираат здрава цревна микробиота, која може да помогне во намалувањето на воспалението и оксидативниот стрес и потенцијално поддржува подобра меморија и когнитивна функција. Покрај тоа, со подобрување на здравјето на цревата, овие пробиотици можат да влијаат на производството на невротрансмитери кои го регулираат расположението, а со тоа помагаат да се стабилизира расположението и да се намали стресот.

Диететичарката Мишел Саари заклучува: „Природно ферментираните краставици се нискокалорична храна богата со пробиотици. Сепак, важно е да се внимава на содржината на натриум во краставиците бидејќи високиот внес на натриум може да биде штетен за здравјето“.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Здравје

Пет знаци дека на вашето тело му е потребен зголемен внес на електролити

Read more

Дали е можно да претерате со јадење домати?

Read more

Како побрзо да се опоравите по терапија со антибиотици?

Read more

Невролог откри два рани симптоми кои укажуваат на деменција

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека на вашето тело му е потребен зголемен внес на електролити

Читај повеќе

Кои фактори влијаат на изгледот на вашето бебе?

Читај повеќе

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Читај повеќе

Како да се ослободите од мирисот на мувла на крпите?

Читај повеќе

Кој е вашиот прв спомен од ГТЦ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Читај повеќе

Дали е време да им раскинете на пријателите?

Читај повеќе

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Читај повеќе

Дали е можно да претерате со јадење домати?

Читај повеќе