Што треба да јадете ако премногу се потите?

За време на високите температури, речиси и да не постои личност која не се поти премногу. Нутриционистот, Рик Хеј, открива начин како да го разладите телото внесувајќи одредени видови на храна и течности.

Хеј советува внесување на витамин Б, бидејќи тој го намалува стресот, кој доведува до засилено потење, како и помалку внесување на алкохол и кофеин. Исто така, треба да се јаде полесна храна и овошје, како грозје и лубеници, за кои е потребно помалку напор да се сварат во организмот.

„Витаминот Б ги регулира хормоните и го држи нивото на стрес под контрола. Често кога се потиме, стануваме нервозни поради потта и дамките кои се појавуваат на облеката. Тогаш, уште повеќе се зголемува температурата на нашето тело, па стануваме анксиозни и подложни на стрес. Целото тоа води до зголемено потење“, вели Хеј.

Витаминот Б, тука има клучна улога, бидејќи ги поврзува ендокриниот и нервниот систем, кои имаат значајна улога во реакцијата на стресот. Кога сме под стрес, овој хормон работи посилно. Неколку истражувања покажаа дека витамините Б6, Б9 и Б12 помагаат при регулација на нивото на стрес.

Магнезиумот исто така помага во „борбата“ против потењето, бидејќи ако немаме доволно магнезиум и калциум, тогаш нервите губат контрола над отворањето и затворањето на порите, преку кои излегува потта. Магнезиумот помага организмот да се навикне на дневниот стрес.

„Кога се потиме губиме доста магнезиум. Тоа доведува до зајакнато потење, па потребно е да се надополни. Јадете темно зелено овошје, ореви и семки, за да ја надополните загубената количина на магнезиум, а јајца на око за да се надополни загубата на витамин Б. Тие се добри за вашиот нервен систем и помагаат во регулирање на потењето“, вели Хеј.

Јадете овошје и зеленчук за ужина. Уживајте во лубеница, диња, но и краставици и целер.

Не ја потценувајте моќта на жалфијата, која овој проблем го решава со години.

Жалфијата е природен извор на флавоноиди и плифеноли, што ја прави силно антибактериско средство.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе