Што треба да јадете ако само што сте прекинале да пушите?

Исхраната богата со домати и овошје е добра за здравјето од повеќе причини, од намалување на ризикот за рак на кожа до јакнење на имунолошкиот систем. Според едно најново ситражување, овие намирници може и да помогнат во обновување на функцијата на белите дробови кај поранешни пушачи.

Секоја година, околу 55% од пушачите се обидуваат да ги остават цигарите. Кога ќе престанете да пушите значително го намалувате ризикот од болести на белите дробови, од хронични опструктивни болести до рак.

Здравјето на белите дробови откaко ќе се прекине со пушење е тема што предизвика голем интерес кај многу поранешни пушачи и професионалци од областа на медицината.

Белите дробови почнуваат да заздравуваат веднаш откако ќе престанете со пушење, но процесот на целосно заздравување е бавен и може да трае со години. Исто така, фактот дека ќе престанете со пушење не го брише целосно ризикот од појава на болести поврзани со пушењето, посебно ако сте пушеле многу и долго време.

Друг фактор што треба да го земете предвид е фактот дека белите дробови целосно „созреваат“ во периодот меѓу 20 и 25 години, а по 35-тата, функцијата на белите дробови почнува да слабее и дишењето постепено станува отежнато. Тоа се случува бидејќи мускулите со годините губат еластичност, а алвеолите нивниот облик.

Истражувањето на научниците од школата за јавно здравје „Џон Хопкинс“ во Балтимор покажа дека исхраната богата со домати и свежо овошје, посебно јаболка, го намалува ризикот од хронични опструктивни болести на белите дробови кај поранешните пушачи, а исто така го забавува природното стареење на функциите на белите дробови.

Магичниот број, според истражувачите, се два домати и три парчиња свежо овошје дневно.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе