Што треба да јадете за повеќе енергија, подобро варење и здраво слабеење?

А.С.
/ 05.01.2025 / 11:37

Храната со низок удел на јаглехидрати стана неопходен избор за оние кои сакаат да го подобрат своето целокупно здравје.

Вклучувањето на вистинските опции со ниски јаглехидрати во вашата исхрана може да донесе голем број придобивки, вклучувајќи зголемување на нивото на енергија, промовирање на губење на тежината и подобрување на варењето.

Со фокусирање на хранливи материи со ниски јаглехидрати, можете ефикасно да го поттикнете вашето тело и да ја поддржите целокупната благосостојба. Регистрираната диететичарка Ребека Блејкли на SheFinds им ги откри четирите видови на храна што ги препорачува да јадат за секој што бара повеќе енергија, подобро варење и храна која промовира губење на тежината.

Зрнесто овошје

Диететичарката тврди дека „зрнестото овошје содржи природни шеќери кои можат да ја задоволат желбата за слатки, но со минимум калории“. Видовите на овошје како боровинки, јагоди, малини, капини и слично може да се јадат во комбинација со јогурт, како додаток на овесна каша или сами како вкусна и здрава ужина.

Сите видови зрнесто овошје имаат малку јаглехидрати и богати се со растителни влакна, што значи дека помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта и нивото на инсулин. Влакната во овошјето исто така имаат позитивен ефект врз работата на дигестивниот систем.

„Високиот инсулин може да придонесе за зголемување на салото на стомакот и зголемена желба за храна“, објаснува Блејкли, која додава дека токму поради инсулинот е важно често да се јаде зрнесто овошје, свежо или замрзнато.

Авокадо

Авокадото е храна богата со здрави масти и растителни влакна. Иако има малку повеќе калории од останатите намирници на листата на Блејкли, таа истакнува дека калориите во авокадото помагаат да се чувствувате сити подолго време.

„Содржи мононезаситени масти, за кои е докажано дека го намалуваат таложењето на масното ткиво на абдоменот“, додава диететичарката. Таа препорачува да измешате половина авокадо со јајца, да го додадете во смути или да го намачкате на парче леб од интегрално брашно со зрна.

Јајца

Јајцата се познати како еден од најдобрите природни извори на протеини. SheFinds додава дека едно јајце содржи шест грама протеини, само 70 калории и нема јаглехидрати. Сето ова ги прави одличен избор за појадок за оние кои сакаат да останат сити и полни со енергија во текот на утрото.

„Бројни студии покажуваат зголемена ситост и поголемо губење на тежината и маснотиите кај луѓето кои јадат јајца наутро, во споредба со оние кои избираат храна богата со јаглени хидрати, како што се колачите“, посочува Блејкли.

Грчки јогурт (без засладувачи и ароми)

Грчкиот јогурт е последната храна која диететичарот ве советува да почнете да ја консумирате повеќе, особено наутро. И тоа не грчките јогурти со вкусови и многу шеќер, туку „обичниот“ јогурт. Оваа популарна храна содржи до 20 грама протеини, е нискокалорична и со низок удел на јаглехидрати.

Блејкли советува да додадете зрнесто овошје, малку јаткасти плодови и гранола со малку шеќер во чаша јогурт за вкусен и здрав појадок. Овој појадок ќе ви ја зголеми енергијата, ќе го стимулира нормалното варење и ќе ви помогне да се грижите за целокупното здравје.

Тагови
реклама

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Фит

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Read more

Дали 10.000 чекори дневно се доволни за слабеење?

Read more

10 предности на вежбање дома наместо во тератана

Read more

Седум бенефити од кардио фитнес за вашето тело и здравје

Read more
 

Магазин

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Читај повеќе

Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Читај повеќе

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Читај повеќе