Живот
Седум номинации, ниту еден Оскар

Што треба да направи Глен Клоуз за да освои Оскар?

25. февруари 2019 - 16:29 | Б.С.Б.

Холивудската актерка Глен Клоуз и годинава остана без Оскар. Таа беше номинирана за најдобра женска улога во филмот „The Wife“, но го загуби Оскарот од колешката Оливија Колман, која ја освои наградата за улогата во „The Favourite“.

Twitter е преполн со прашања, најчесто од типот „Што треба да направи Глен Клоуз за да освои Оскар?“, „Неверојатно, уште еден Оскар ѝ побегна“ и слично. Ова се само дел од коментарите за тоа зошто актерката не успеа да си замине со златната статуа.

И самата Оливија Колман ѝ оддаде признание на актерката, кога во текот на својот говор изјави дека за неа Глен Клоуз е легенда и омилена актерка и дека не очекувала дека ќе ја запознае на овој начин.

Коментирај