Што треба да научи бебето во првите шест месеци?

Првата насмевка, реакција на звук, контрола на движењата... сите овие промени се случуваат во одредено време.

Мозокот и телото на вашето бебе забрзано растат во првите шест месеци од животот. Иако секое бебе се развива со свое природно темпо, експертите укажуваат дека во секој следен месец бебето треба да стигне до одреден стадиум.

Прв месец: Реагирање

До раѓањето, бебето живее во тишината и темницата на мајчината утроба. Поради тоа, во првиот месец од животот е исклучително чувствително на светлина и звуци. Најчеста реакција на овие дразби е вртење на погледот во правец на светлината, односно звукот.

Втор месец: Насмевка и зајакнување на вратот

Како што се развиваат мускулите на вратот кај бебето, во вториот месец треба веќе да очекувате да го видите како ја подигнува главата на кратко.

Можеби пред вториот месец и да го видите бебето како се смешка во сон, но првата намерна насмевка ќе ви ја подари во вториот месец од животот.

Бебињата на оваа возраст исто така ќе почнат да обрнуваат внимание на лица и ќе почнат да си ги ставаат дланките во уста, што им делува смирувачки.

Трет месет: Основни емоции

Во текот на третиот месец растат мускулната координација, осетот за вкус и степенот на социјализација на бебето, што значи дека веќе може да се врти, да покаже гадење на вкус што не му се допаѓа или да реагира на многу гласни звуци.

Во овој период ќе почне да реагира и на повикување. Фрлањето и удирањето по предмети исто така почнува во овој период.

Четврти месец: Друштвени вештини и зајакнување на телото

До четвртиот месец вашето бебе би требало да почне да сака си игра со други луѓе и да ги имитира нивните движења или изрази на лицето. Тоа се знаци на зголемена социјализација кај бебето.

Во овој период исто така почнува да се потпира на лактите и на нозете, благодарение на развојот на неговите моторички способности и зајакнувањето на телото.

Петти месец: Име и бои

Перцепцијата во длабочина кај бебињата, како и спектарот на бои, повеќе се развиваат во овој период, па почнуваат да ги распознаваат луѓето околу себе и да се врзуваат за нив.

Исто така, во овој период бебето ќе почне да реагира на своето име.

Шести месец: Поголема независност

Вашето бебе во шестиот месец веќе треба да седи без поддршка и да испушта самогласки и согласки. Исто така, ќе почне да се плаши од непознати лица, ќе го разбира значењето на зборот „не“ и ќе знае да одговори кога некој ќе престане да му зборува.

Во овој период бебињата почнуваат да јадат мека храна.

Кога да побарате помош?

Експертите евлат дека најважен показател за напредок е насмевката како одговор на обраќање, контрола на главата во различни позиции и вртење во правец на звуци.

Вашето бебе можеби ќе биде едно од оние кои малку подоцна почнуваат да се смеат или да ја креваат главата, но експертите препорачуваат навремена реакција ако бебето не развие одредени вештини во предвидениот период.

Во тој случај, посоветувајте се со педијатар или со матичниот лекар. Ако и понатаму нема напредок, најдобро е да ве упатат да побарате помош од постручни лица.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе