Што треба да одбегнувате ако билдате мускули по 40-тата?

А.С.
/ 02.07.2022 / 15:17

Ако почнувате со интензивни тренинзи за билдање мускули по 40-тата година, треба да бидете внимателни. Сакале или не, со возраста губите мускулна маса и закрепнувањето е различно отколку во дваесеттите или триесеттите години.

Физиотерапевтот и тренер Џеф Кавалир сними видео во кое детално објаснува кои се грешките при билдање мускули кај мажи постари од 40 години.

Прво и основно, не прескокнувајте го загревањето. Во вашите дваесетти години можеби сте успевале да го направите ова, но во четириесеттите години не треба. Не претерувајте, доволно е да почнете да се потите, а енергијата заштедете ја за тренинг.

Друга грешка е ако брзате да направите што е можно повеќе вежби. Обидете се да се концентрирате на квалитетот повеќе од квантитетот.

Следната грешка е недоволно фокусирање на движењата и повторувањата. Потребна е врска на умот и мускулите, мислете што правите и концентрирајте се.

Треба да се стави акцент и на тренингот за метаболизам, па затоа Џеф препорачува промени во интензитетот и повеќе повторувања на полесни вежби, наместо претерување со потешките вежби што не можете да ги направите повеќе од еднаш.

Грешка е и ако не тренирате темелно. Во ред е ако сакате да работите на раст на мускулите, но обидете се да усовршите некои вештини и вежби, да поставите цели и да ги постигнете постепено.

Прескокнувањето вежби за одредени делови од телото е исто така погрешно. Обидете се да се посветите на тоа секој дел од телото да работи на вашата рамнотежа и умешност.

Форсирањето долги монотони кардио вежби е уште една грешка во низата. Обидете се да правите типови на кардио тренинг што се пократки, за да си ги поштедите зглобовите.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе