Што треба да знаете ако често пиете вода од пластично шише?

Температурите растат, па многумина (одново) станаа свесни колку е важно да се пие вода.

Но, како што открива една најнова анализа, внесувањето доволно течности е само еден дел од одржувањето на здравјето. Имено, важно е да обрнете внимание на материјалите од кои се направени чашите или шишињата од кои пиете вода.

За многумина, најчесто е најлесно да посегнат по пластично шише за вода, но освен што е штетна за околината, пластиката може да му наштети и на вашето тело.

Според Фондацијата Томсон Ројтерс, едно лице внесува просечно 20 килограми пластика во својот организам во текот на животот. Се разбира, веројатно никој всушност не јаде пластика. Барем не свесно. Микропластиката е составена од мали микрочестички на кои се распаѓаат пластичните производи. Но, важно е да се знае дека оваа микропластика може да го најде патот до нашето тело најчесто преку храна што претходно била спакувана во пластично пакување.

Според Светската здравствена организација и непрофитната новинарска организација Orb Media, пластичните шишиња со вода може да содржат најмногу микропластики во споредба со другите пијалоци, објави Business Insider.

Неодамнешните извештаи од Харвард, Школата за јавно здравје во Чикаго и други медицински научни институции исто така откриле дека одредени хемикалии кои се наоѓаат во пластиката, како што се фталатите и бисфенолите А, можат да дејствуваат како токсини на телото и се поврзани со одредени видови на рак, како на пр. рак на дојка и рак на црн дроб.

Сепак, важно е да се нагласи дека се потребни многу повеќе истражувања за ефектите од употребата (и консумирање) на пластични хемикалии, но веќе треба да се прашувате дали вреди воопшто да се ризикува.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе