СОВЕТИ ЗА ВОЗАЧИ

Што треба да знаете пред да купите нови зимски гуми?

Во пресрет на сезоната кога задолжително треба да носите зимска опрема, многу е важно да бидете добро информирани пред да направите избор на зимски гуми.

На 15 ноември почнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Дали сте подготвени? Како возачи, треба да знаете и како да ги изберете, но и како оптимално да ги користите и чувате гумите за да ви траат подолго.

Заштеда на гориво

Здравиот разум вели дека помалиот отпор на триење ќе резултира со помала потрошувачка на гориво. Од друга страна, помалиот отпор може да се преведе како полош грип на гумата, а со тоа и полоши својства во поглед на динамика. И тоа е донекаде точно, но не треба да ве загрижува бидејќи се работи за нијанси за кои е потребно да имате големо возачко искуство, храброст и спортски движења што се својствени за тркачките стази, а не за улиците и патиштата.

Затоа, слободно следете ги ЕУ налепниците со симбол за бензинска пумпа – колку помалку енергија е потребна, толку помала е потрошувачката на гориво. Заштедата на гориво има оцена од А до G на бојата означена на скалата, а разликата меѓу крајните вредности е до 7,5% од вкупната потрошувачка на возило. Едноставно кажано, правилниот избор на гуми може ќе ве чини малку повеќе, но ќе ви донесе заштеда и до 1 литар гориво на 100 поминати километри.

Совет плус: Со оглед на тоа дека една петтина од потрошувачката на гориво отпаѓа на отпорот на тркалање, јасно е дека не треба да возите во лето со зимски гуми. Покрај тоа што драстично ќе го скратите траењето на гумите, тие дополнително ќе се лепат за жешкиот асфалт и ќе се зголеми потрошувачката на гориво.

Како се грижите за гумите?

Ако добро се грижите за гумите, правилно ги складирате и користите, ќе ви траат без проблем неколку сезони.

Чистењето на гумите се подразбира, но не со пресилен млаз вода, агресивни детергенти или средства за сјај. Во поглед на складирањето, важно е да се затворени во темен простор со природна вентилација и минимално одвојување од подлогата. Ако гумите немаат бандажи, свртете ги вертикално, а ако имаат – легнете ги хоризонтално.

Имајте предвид дека гумите најмногу се оштетуваат со возењето, односно начинот на кој возите. Ако нагло кочите и забрзувате, возите по оштетени патишта и невнимателно се паркирате, ваквите лоши навики може значително да го намалат животниот век на вашите гуми.

Совет плус: Ако не се грижите правилно за гумите, ќе мора да ги менувате веќе следната сезона и тоа без разлика на поминатата километража. Тоа е навистина штета, бидејќи добрите гуми со добра грижа може да ви траат со години. Роковите се различни, па некои производители тврдат дека гумите може да ви траат и до 6, па и 10 години.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе