Што треба да знаете за петте најголеми воени сили во светот?

Б.С.Б.
/ 02.03.2021 / 14:22

САД, Русија, Кина, Индија и Јапонија се најголемите воени сили во светот, објави организацијата Global Firepower. Кога станува збор за Балканот, Србија е најмоќна воена сила, додека Македонија е на дното на листата.

Во истражувањето направено од Global Firepower, разгледани се повеќе од 50 индивидуални фактори како воената моќ, висината на воениот буџет, логистиката и географската положба.

Претходно пишувавме за Балканот и нашите соседи, Србија е на 61. место во светот, Хрватска на 63. место, Словенија на 88. место, Албанија на 113. место, БиХ на 121. место, Црна Гора на 123. место, додека Македонија е на 133. место од 139 земји.

Овој пат, во фокусот се петте најмоќни воени сили:

1. САД

На првото место се САД, за нив е предност што имаат огромен буџет, голем број војници и резервисти.

Американската воена индустрија произведува најсовремена воена техника во светот. САД се водечка сила и во областа на воената авијација, имаат најголем број активни носачи на авиони и можност да извршат глобален напад на основа на концепција која постои во воената морнарица на САД, а се однесува на примена на офанзивни групи бродови кои ги предводат носачи на авиони.

2. Русија

Втора најмоќна воена сила е Русија, која успеа да го обнови воениот потенцијал по постсоветската криза и да реализира многу проекти поврзани со модернизација на воената авијација и воената морнарица.

Русија поседува нова генерација подморници вооружени со стратешки и крстосувачки ракети. Тоа овозможува да го намали заостанувањето зад Американците. Сè поголемата моќ на руските бродови оди во предност на тоа дека посебно внимание се обрнува на засилувањето на крајбрежната одбрана.

Русија и понатаму е пред САД по сите категории на копненото вооружување освен лесните оклопни возила. Кога станува збор за воената авијација, Русите секогаш се зад Американците, но за нив воздушна доминација придонесе ловецот Su-57.

3. Кина

Кина е третата воена сила, заостанува зад Русија и САД, но и понатаму вложува големи и долгорочни инвестиции во сите гранки на воената индустрија.

Со втор по големина воен буџет и најголем број резервисти, Кина демонстрира способност да обезбеди „експлозивен“ развој во краток период.

Значајните ресурси овозможуваат во наредните децении да реализира низа амбициозни програми во областа на производството и купувањето оружје, од создавање на сопствени носачи 

на авиони со групи на воени бродови до производство на флоти од бомбардери и ловци од шеста генерација.

4. Индија

Четврта по сила е војската на Индија, која покрај релативно малиот воен буџет и воената индустрија која не може да се спореди со првите три водечки сили, воениот потенцијал се основа на огромниот ресурс на работна сила и големиот број резервисти.

Индија има голем, иако делумно застарен парк од тенкови, а располага со импресивни сили на крајбрежна одбрана и солидна резерва на артилериско оружје.

5. Јапонија

Петта на листата е Јапонија, која ја потисна француската војска и тоа благодарение на богатството, релативно големиот воен буџет и извонредната инфраструктура.

Јапонија има моќно воено воздухопловство и моќни воени подморници, но целокупниот рејтинг е полош поради релативно малите копнени сили.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе