Што ве спречува да уживате во сексот?

Од врвен секс ве одвојуваат само површни изговори. Секој може да има најдобар секс - откако ќе ги надминете менталните бариери што ве спречуваат целосно да се препуштите и да уживате во сексот.

Ова се најчестите изговори што си ги даваме и си скратуваме едно задоволство повеќе:

Мислите дека сте престари

Ако уште можете да јадете, да дишете и да се смеете, тогаш можете да бидете отворени и за нови сексуални искуства. Годините воопшто не се важни, особено ако сте здрави. Ако имате некои здравствени проблеми, тогаш прилагодете ги сексуалните активности така што ќе можете непречено да се препуштите на сексуалното уживање.

Се задоволувате со просечен секс

Верувале или не, повеќето луѓе воопшто не сакаат да имаат супер секс. Страстниот секс е физички и емотивно моќен, а многу луѓе не сакаат да губат контрола, па одбегнуваат да имаат страстен секс. Исто така, интензивниот секс подразбира и интензивна врска во која многумина не се подготвени да се препуштат. Од друга страна, некои луѓе имаат намалено либидо, па едноставно не разбираат што е целата врева околу страстниот секс. Ако спаѓате во овие групи, не знаете што пропуштате.

Што ќе правиме со децата?

Ова не смее да биде изговор за двојките со деца. Има милион начини како да си обезбедите барем неколку часа без децата (посета на роднини, дадилка, детски камп...) Има илјадници двојки со деца кои имаат активен сексуален живот, бидете една од нив.

Не можете да се ослободите

Екстровертните луѓе главно уживаат во промените, додека интровертните сакаат да останат во својот „безбеден простор“. Колку сте посигурни во себе, толку е поголема веројатноста дека ќе бидете поотворени за пробување нови работи и препуштање на сексуалното уживање. Ослободете се од вашите инхибиции и искрено разговарајте со партнерот за вашите граници и желби.

Многу сте срамежливи

Не сте единствени. Советот е сличен како за луѓето кои имаат „кочница“ во главата: разговарајте, ослободете се и истражувајте. Дозволете си непречено сексуално уживање и тоа ќе ви даде дополнителна доза самодоверба за сѐ во животот.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе