Што велат резултатите на Apple за иднината на iPhone?

Последните објавени резултати на Apple ја открија иднината на iPhone. Новите вести можеби нема да бидат добри за вашиот џеб, но тие се добри за телефонот во вашиот џеб.

Бројките кои ги претстави Apple се одлични за компанијата. Во последните неколку месеци кружеа шпекулации дека можеби Apple би требало да се откаже од производство на iPhone телефони, новите резултати покажуваат дека продажбата на iPhone (и на сите останати уреди) направија компанијата дополнително да порасне и да добие на вредност.

Резултатите велат дека новата стратегија на Apple која започна со iPhone X се исплати и сега компанијата ќе продолжи да прави слични потези на пазарот. Имено, Apple реши да го произведе iPhone X, кој до ден денес останува најскап смартфон произведен од компанијата, како дел од нивната определба да ги привлечат купувачите со нови технологии и премиум телефони.

Освен со продажба на телефони, Apple заработи многу и со продажба на додатни елементи од тимот на Smart часовници, пенкала за уредите кои работат на допир и слично. Тие и понатаму ќе нудат на пазарот телефони, но ќе продолжат со понудата на дополнителна опрема и услуги за сите нивни корисници.

Цените на iPhone телефоните оваа година пораснаа за 10% во споредба со минатата, а тоа најмногу се должи на цената на iPhone X, чија цена почнува од 999 долари. Просечната цена на iPhone уред изнесува 728 долари, додека лани таа изнесуваше 655 долари.

„Ова беше првиот циклус во кој нашиот најпродаван телефон беше и најпопуларниот телефон на пазарот“, изјави Тим Кук за iPhone X.

Услугите на Apple од типот на Apple Music, App Store и iCloud заработија далеку над очекувањата и се главниот катализатор на успехот на оваа компанија. Предвидувањата на Вол Стрит беа дека заработката од овие услуги ќе изнесува околу 8,3 милијарди, но тие заработија нешто повеќе од 9,1 милијарди долари.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе