Живот

Што ви е потребно за летување со домашно милениче?

19. јули 2018 - 17:49 | М.Д.

Оние кои имаат домашни миленичиња, едноставно знаат дека тие се составен дел од нивното секојдневие. Па така, дури и кога доаѓа периодот за годишен одмор, сопствениците на домашни миленичиња не можат ниту на неколку дена да се одделат од нив.

Многу сопственицi не сакаат миленичињата да ги остават сами, бидејќи стравуваат дека тие тешко ќе ја поднесат самотијата, а ова посебно важи за кучињата, бидејќи мачките се познати како животни кои можат да преживуваат сами, додека пак, кучињата се оние кои полесно се прилагодуваат на промени на животната средина.

Меѓутоа да се одведе куче на летување и не е така едноставно, а еве кои чекори морате да ги преземете, пред да се одлучите на такво патување:

- Пасош - од моментот кога му е вграден чип, кучето поседува и пасош. За потсетување, секој сопственик е обврзан да му вгради чип на кучето во првите 90 дена од неговиот живот.

- Вакцина против инфективни болести

- Вакцина против беснило

- Авионска карта за миленичиња мора од порано да се резервира

- Малите кучиња до 10 килограми можат да одат во кабина. Ако е помал авион може да се прими само едно куче, а ако е поголем, тогаш максимално две помали животни.

Коментирај