На секој од вас му се случува да се разбуди испотен, исплашен, со висок пулс – најчесто кога сонувате дека паѓате.
Ваквите сонови може да бидат многу страшни, а во продолжение прочитајте што значат.
Во повеќето случаи, кошмарите се поврзани со некои искуство или случка од реалниот живот, а некои имаат комплицирана симболика. Ако ја откриете причината за таквите сонови, можеби ќе сфатите кои се вашите стравови што ги поттиснувате и ќе најдете решение за проблемот.
Повеќето од вас се обидуваат да се разбудат бидејќи чувствуваат дека паѓаат. Поради тоа и срцето почнува да чука посилно. Ваквите соништа кореспондираат со ситуациите во кои се чувствувате дека сте изневерени и немате поддршка. Се појавуваат и кога ќе се разочарате од секојдневниот живот, ќе раскинете со партнерот или кога ќе се оддалечите од пријателот.
Во повеќето случаи, психолозите велат дека ваквите соништа се повик од потсвеста која ве опоменува да се соочите со своите емоции и да ги надминете лошите чувства.