Живот

Што значи различната боја на пасошите?

19. март 2017 - 18:21 | А.С.

Секоја боја на пасошите има одредена историска конотација.

Сигурно сте забележале дека има пасоши со различна боја, а постои и причина за тоа: секоја боја има свое значење.

Црвени пасоши

Ова е најчестата боја на пасоши и сите земји во ЕУ, со исклучок на Хрватска, имаат црвени пасоши. Во Хрватска има пасоши со бордо боја.

Весникот „Economist“ вели дека тоа е „вежба за брендирање“, иако Хрватска не е единствената земја со бордо пасош: такви имаат и Боливија, Колумбија, Еквадор, Перу и Србија.

Швајцарија, на пример, има црвен пасош за да одговара на нејзиното црвено знаме.

Сини пасоши

Сината боја на пасоши го симболизира „новиот свет“, а 15 карипски земји имаат токму таков пасош. Исто така, сини патни документи имаат Бразил, Аргентина, Парагвај, како симбол на „регионалниот блок“ во кој припаѓаат и Уругвај и Венецуела.

Сепак, Венецуела уште користи црвен пасош, како спомен на времето кога беше дел од „заедницата на Андите“.

Најпознатиот син пасош на светот им припаѓа на граѓаните на САД.

Зелени пасоши

Со оглед на тоа дека зелената боја е многу важна во исламот, поголемиот дел од исламските држави имаат зелени пасоши, како на пример Мароко, Саудиска Арабија и Пакистан.

Различни нијанси на зелени пасоши имаат и членките на Економската заедница на западноафриканските држави, вклучувајќи ги Нигер и Сенегал.

Црни пасоши

Причината зошто постојат црни пасоши е чисто практична. Темните бои се попрактични бидејќи така пасошот помалку ќе се валка, а и визуелно подобро изгледаат.

Боцвана, Замбија и Нов Зеланд имаат црни пасоши, а треба да се напомене дека црната е националната боја на Нов Зеланд.

Коментирај