Што значи жолта алертна фаза?

Александра Спасеска
/ 31.07.2020 / 10:22

Земјава денеска ќе биде во жолта алертна фаза со температури што во одредени делови ќе достигнат 40 степени Целзиусови. Но, што всушност значи „жолта фаза“ кога станува збор за временските услови?

Експертите појаснуваат дека постојат четири нивоа со кои тие го опишуваат интензитетот на временските услови, во однос на материјални штети и опасност по човечки животи.

Со цел да се информираат и подготват луѓето за потенцијално опасно и штетно време, службите го соопштуваат степенот на алармантност во фази по боја: жолта, портокалова и црвена. Жолтата фаза е најмалку опасна и во суштина значи „бидете подготвени“.

Жолтата фаза се однесува и на ладно и на топло време. Во летниот период тоа значи високи температури до 40 степени Целзиусови, зголемена влажност на воздухот и опасност од топлотен удар. Во есен и зима, временски услови како пороен дожд, силен ветер, магла или мраз може да доведат до прогласување жолта фаза ако ваквите услови се задржат со денови и претставуваат потенцијална опасност за луѓето и околината.

ЖОЛТА фаза

Ова значи потенцијална опасност. Временските  услови нема да бидат екстремни, но треба да се преземат дополнителни мерки за заштита и да се следат препораките на службите. Тоа значи дека временските услови ќе се влошат и треба да го ограничите времето на движење надвор, да се заштитите себе и најблиските, да очекувате прекин на работа на одредени бизниси, како и помала штета на имотот и животната средина.

ПОРТОКАЛОВА фаза

Опасност. Временските услови се влошени, носат значителен ризик и може да предизвикаат опасност и несреќи. Треба да се биде особено внимателен, да се преземат сите мерки за заштита на луѓето и имотот и да се биде подготвен за евентуална евакуација, во зависност од тоа како ќе се одвиваат условите. Редовно да се следат препораките од властите.

ЦРВЕНА фаза

Огромна опасност од исклучително екстремни временски услови. Голема веројатност за несреќа и штета, временските услови се закана по животите на луѓето. Треба да се биде екстремно претпазлив и да се следат сите ажурирани информации од властите и службите. Можно е да бидат преземени вонредни мерки во вашето место на живеење.

Како да се заштитите од високите температури?

Чувствителната популација, како децата, бремените жени, старите лица, болните од хронични заболувања, имаат намалена способност за прилагодување, па поради тоа, тие и нивните најблиски треба да посветат посебно внимание на грижата за здравјето и однесувањето во летните месеци.

Фото: Фросина Насковиќ / МИА

Разладете го домот. Се препорачува одржување на собна температура пониска од 32 степени во текот на денот, а пониска од 24 степени во текот на ноќта. Ова посебно важи за децата помлади од две години, лицата постари од 60 години и хроничните болни.

Избегнувајте напорни физички активности. Доколку морате да ги извршувате, правете го тоа во најладниот дел од денот, што е помеѓу 4 и 7 часот наутро. Избегнувајте престој надвор помеѓу 10 и 17 часот. Не ги оставајте децата и животните во паркирани возила.

Хидрирајте се и разладувајте го телото. Туширајте се во разладена вода. Може да употребувате и ладни облоги. Носете лесна и удобна облека од природни материјали и во светли бои. Доколку излегувате надвор, носете капа со широка стреа или шешир. Редовно внесувајте вода во организмот.

Избегнувајте храна богата со протеини, избегнувајте алкохол, а намалете го и внесот на кафето и газираните безалкохолни пијалоци. Консумирајте помали, а почести оброци.

Внимавајте на роднините и пријателите. Редовно проверувајте како се членовите на вашето семејство, пријателите и соседите кои живеат сами. Чувствителната популација може да има потреба од помош во текот на ваквите денови. Доколку некој зема лекови, проверете со нивниот лекар дали тие лекови влијаат на терморегулацијата.

Побарајте помош доколку чувствувате вртоглавица, вознемиреност, малаксаност, интензивна жед или силна главоболка. Итно засолнете се во разладени простории и измерете ја телесната температура. Внесете вода во организмот. Доколку почувствувате невообичаени симптоми и доколку симптомите траат подолго, обратете се на лекар.

Фото: Фросина Насковиќ / МИА
Опасност од пожари

„Комисијата за следење на ефектите од високите температури во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури“, наведува Министерството за здравство.

Поради зголемените температури, Дирекцијата за заштита и спасување согласно законот за заштита и спасување и Законот за шумите алармира за зголемена опасност од пожари на отворен простор и апелира до граѓаните на одговорно однесување со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.

„Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период  зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор и ваквата состојба наложува мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари- ЈП Национални шуми,  Единици на локална самоуправа, Територијални противпожарни единици и УХМР.  Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на одговорно однесување со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети“, стои во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Дирекцијата за заштита и спасување, воедно, посочуваат дека се подготвени во секое време да делуваат со своите материјално-технички и човечки ресурси.

Поради топлото време од Црвениот крст на Град Скопје најавија дека мобилни тимови ќе делат вода низ централното градско подрачје и поголемите автобуски постројки. Мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10 до 16 часот. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.

УХМР за денеска најави топло време со максимални температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава до 40 степени. Зголемена облачност се очекува утре кога ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Од недела следи стабилизирање на времето.  

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе