Што знаеме досега за новата подваријанта на омикрон што забрзано се шири?

Уште од првиот сој на омикрон BA.1, познато е дека се шири побрзо од претходните соеви на коронавирусот SARS-CoV-2.

Сега се појави подваријантата BA.2. Зарази најмалку 400 луѓе во Велика Британија во првите десет дена од јануари. А нејзиното постоење е веќе докажано во повеќе од 40 земји, пишува Deutsche Welle.

PANGO наведува дека 79 отсто од досега докажаните инфекции со овој сој се потврдени во Данска. Следуваат Обединетото Кралство (6%), Индија (5%), Шведска (2%) и Сингапур (2%). Сепак, треба да се забележи дека откривањето на овој вид на вирус зависи од способностите за секвенционирање на PCR тестовите во одделни земји.

Колку е опасен omicron BA.2?

Брзото ширење на оваа подваријанта сугерира дека би можело да биде уште позаразна од првата варијанта на сојот омикрон BA.1. Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) го рангираше BA.2 меѓу „соевите што се следат“.

„Во природата на вирусите е да се размножуваат и мутираат“, рече Мера Чанд, директорка на Британската здравствена агенција. „Значи, може да се очекува дека ќе има повеќе соеви за време на пандемијата“.

URL

Бидејќи здравствените установи ја истражуваат генетската структура на вирусот, можно е да се идентификуваат нови соеви и да се процени колку се опасни новите мутации. Сè уште е во тек анализата на подваријантата BA.2.

„Сè уште нема убедливи докази дека BA.2 предизвикува потежок тек на болеста од BA.1“, вели Чанд.

Вакцинацијата е важна поради новите мутации

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид додава дека појавата на нов сој покажува колку е важна вакцинацијата.

„Ги охрабрувам сите да се заштитат себеси и своите најблиски и сега да земаат засилена доза“, рече тој.

Францускиот епидемиолог Антоан Флахо изјави за француската новинска агенција AFP: „Она што нѐ изненадува е брзината со која оваа подваријанта, која широко циркулира во Азија, се прошири во Данска“.

Досега, инфекциите со BA.2 немале потежок тек на боледувањето во споредба со BA.1. Францускиот министер за здравство Оливие Веран исто така ја разгледува појавата на нов подвид на сојот омикрон.

„Во моментов знаеме дека BA.2 повеќе или помалку одговара на карактеристиките што ги знаеме од омикрон“, рече тој за AFP.

Дали постои опасност од рекомбинација на делта и омикрон?

Германскиот виролог Кристијан Дростен од Универзитетската клиника Шарит во Берлин изјави во интервју за германската радио станица Deutschlandfunk дека спојувањето на делтата со еден од потсоевите омикрон може да развие уште поопасен вирус. Омикрон има одредени мутации во површинскиот протеин, т.н. спајк (шилест) протеин, со чија помош може полесно да го заобиколи имунолошкиот систем на организмот.

Посебно опасна би можела да биде рекомбинацијата на вирус што ќе го носи шилестиот протеин омикрон и остатокот од геномот на делтата на сојот на коронавирус, рече Дростен. Ова би значело поврзување на најсилните особини на двата соја.

„Такво нешто е веќе опишано, па мораме да се плашиме дека такво нешто може да се случи“, рече Дростен.

Неодамна, научник од Кипар пријави нов тип на вирус наречен „делтакрон“, но можно е тоа да е грешка, велат научниците.

Адаптација на вакцините

Сепак, научниците се убедени дека со адаптирање на вакцините можат да стават крај на ваквите нови соеви. Германскиот производител на вакцини BioNTech и неговиот американски партнер Pfizer почнаа да спроведуваат клиничка студија за вакцина приспособена на сојот омикрон. Нејзината безбедност, подносливост и ефективност треба да се тестираат, велат двете компании.

Студијата опфатила 1.420 лица кои биле поделени во три групи. Во првата група спаѓаат оние кои примиле две дози од вакцината пред 90 до 180 дена и кои сега ќе добијат една или две дози од вакцината прилагодена за сојот омикрон. Оваа група вклучува 600 луѓе. Подеднакво голема е и втората група, која ги вклучува оние кои примиле бустер доза, кои ќе примат друга стандардна доза на вакцина или една доза вакцина прилагодена за сојот омикрон.

Третата група вклучува околу 200 невакцинирани лица и оние кои досега немале COVID-19. Тие ќе добијат три дози од нова вакцина адаптирана за сојот омикрон.

Европската агенција за лекови (ЕМА) не соопшти дали смета дека е неопходна вакцина адаптирана за сојот омикрон. Но, BioNTech и Pfizer пред две недели објавија дека почнале да произведуваат вакцина прилагодена за новиот сој на коронавирусот. Тие очекуваат да произведат 50 до 100 милиони дози од вакцината до крајот на март или почетокот на април. И BioNTech и Pfizer го проценуваат нивниот производствен капацитет за оваа година на околу четири милијарди дози вакцина.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе