Што знаеме досега за новиот iPhone 11?

Остануваат уште неколку месеци до официјалната премиера на iPhone 11 и iOS 13, но тоа не значи дека нема да почнеме да шпекулираме околу можниот дизајн, спецификациите и цената на новиот уред. Засега се познати многу малку информации, па затоа решивме да ги собереме на едно место и да се обидеме да прогнозираме што ќе ни донесе новиот смартфон на Apple.

Новите смартфони на Apple, двата премиум уреди кои се очекува да бидат прикажани годинава, ќе имаат големи OLED екрани – 5,8 инчи за стандардниот и 6,5 инчи за Pro или Plus варијантата.

Малиот „notch“ на врвот на екранот и понатаму ќе биде составен дел од новите смартфони, а досегашните извештаи информираат дека iPhone 11 ќе пристигне со подобрена Face ID функција, како и значајни подобрувања на стерео звучниците.

Веќе знаеме дека овогодинешниот iPhone ќе има три камери на задниот дел – стандардна, телефото и ултраширока леќа. Широкоаголната леќа ќе може да обезбеди поле на преглед од 120 степени. Apple реши да го подобри и LED блицот на задниот дел, а целиот систем ќе биде сместен во компактен, мал квадрат на задната маска.

Што се однесува до функциите на iOS 13, некои од нив се опишани во бројните извештаи од Apple. Тука е таканаречениот Dark Mode, кој доаѓа вграден во системот и ќе се применува дури и на екстерни апликации. Меѓутоа, Apple ќе се фокусира на имплементирање на темно-сива позадина, наместо црна, како што се шпекулираше поодамна.

Покрај тоа, iOS 13 ќе почне уште повеќе да учи од акциите и однесувањето на корисникот, па така ќе биде достапно паметно управување на RAM и неколку други опции. Jailbreaking-от ќе биде значително отежнат.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе